хороскоп игри музика
СРЕДА, 22 НОЕМВРИ 2017
7 работи кои треба да ги правите ако имате проширени вени или висок крвен притисок

Речиси секоја личност понекогаш има студени стапала или чувствува вкочанетост во прстите на нозете и рацете. Ако често ви се случува да имате вакви или слични проблеми, тогаш ви е потребна помош. Овие работи ви праќаат сигнали дека имате слаба циркулација на крвта, а тоа може да резултира со проблеми со бубрезите, проширени вени или други здравствени проблеми.

Доколку се соочувате со некои од овие проблеми, тогаш е потребно да ги правите овие работи:

Пијте вино наместо пиво

Според голем број на истражувања докажано е дека виното може да го подобри здравјето на срцето. Во споредба со другите алкохолни пијалаци, виното има повеќе придобивки бидејќи содржи антиоксиданти и други билни својства. Но, тоа не значи дека треба да претерувате. Една чаша вино е доволно за жените, а мажите не е препораливо да пијат повеќе од две.

Земете домашно милениче

Домашното милениче, а особено куче, може да го намали ризикот од срцеви заболувања. Тоа што ќе изградите посебна врска со вашето милениче, ви помага да го контролирате стресот. Покрај тоа, самото тоа што чувате куче, значи дека треба почесто да пешачите и да бидете повеќе физички активни. Пешачењето ја подобрува работата на срцето и крвните садови.

Консумирајте лута храна

Лутата пиперка ги проширува крвните садови и го зголемува протокот на крв. Со консумирањето на лута храна му помагате на кардиоваскуларниот систем да функционира подобро и го одржувате во нормална состојба крвниот притисок. На тој начин вашите раце и нозе ќе бидат потопли. Доколку не можете да јадете лути пиперчиња, тогаш е препорачливо да додадете повеќе кромид и лук во вашата исхрана. Лукот ги опушта крвните садови и го зголемува нивото на водород сулфид, со што се подобрува циркулацијата на крвта. Кромидот пак е богат со антиоксиданти, кои спречуваат згрутчување на крвта.

Облекувајте соодветна облека

Лекарите препорачуваат да се избегнува носење на тесна облека подолго време. Тесните панталони и фармерки ја спречуваат циркулацијата и можат да го олеснат развојот на проширени вени. Препорачливо е да носите покомотна облека колку што можете почесто.

Консумирајте храна богата со фолна киселина

Една од најважните причини поради која треба почесто да консумирате храна богата со фолна киселина е регенерацијата. Фолната киселина учествува во создавањето на црвени крвни зрнца и спречува анемија. Ако имате недостаток на фолна киселина во организмот, тогаш се појавува згрутчување на крвта.

Храна со фолна киселина:

  • спанаќ, зелена салата, рукола

  • броколи и авокадо

  • цитрусно овошје (портокали, грејпфрут), папаја, банани, јагоди

  • грав, леќа, грашок

  • семиња и јаткасти плодови (сончоглед, бадеми, ореви)

  • карфиол, пченка, цвекло, морков

post cover photo

Масажи

Добрата масажа ја зголемува целата циркулација и стимулира проток на крв во меките ткива. Повеќе студии покажале дека масажата позитивно влијае на васкуларната функција. Препорачливо е за масажите да употребувате бадемово, кокосово или маслиново масло. Доколку можете овозможете си масажи неколку пати неделно.

Седете со кренати нозе

Препорачливо е почесто да седите со стапалата кренати во иста линија со срцето, бидејќи на овој начин се подобрува циркулацијата. Исто така, оваа положба на седења ви помага повеќе да се релаксирате. Со кревање на нозете го намалувате стресот и притисокот на крвните садови и вените. Друг совет е почесто да ги движите стапалата и да правите кружни движења со кренатите нозе. Секојдневно држете ги нозете кренати околу 20 минути и циркулацијата ќе се зголеми.

 

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Cosmostore baner
ladybook СВЕЖО
Taiva