хороскоп игри музика
СРЕДА, 22 НОЕМВРИ 2017
7 комбинации со кафеава боја во кои ќе изгледате фантастично

Секоја дама има своја омилена боја, која највеќе сака да ја комбинира во своите модни комбинации. Која е вашата омилена боја? Може да се каже дека секоја дама во својот плакар задолжително има парчиња облека во црна, бела, тегет и кафеава боја, но секако тука се и некои повпечатливи нијанси за деновите кога сакате да доминирате. Дали повеќе сакате да експериментирате со вашиот изглед или сте повеќе покласичен тип кој не сака многу да прави комбинации и контрасти со различни бои? 

Модата секојдневно се менува и некои трендови навистина стануваа необични, но вие можете да го задржите вашиот стил, а сепак да бидете во чекор со модните трендови. Доколку сте дама којашто ја обожава кафеавата боја и најубаво се чувствува кога носи кафеви парчиња облека, тогаш овие комбинации сигурно ќе ви се допаднат. Време е малку да правите поинакви комбинации и да изгледате поуникатно. Еве кои седум комбинации со кафеава боја ќе направат да изгледате фантастично и ќе ве мотивираат малку да експериментирате во комбинирањето на боите.

Бордо или црвено-кафеава комбинација

Кафеавата боја одлично стои со црвени парчиња облека, а особено ако одберете потемна нијанса, односно бордо. Доколку се одлучите за ваква комбинација, тогаш знајте дека ги носите боите кои ја одбележуваат оваа сезона и не заборавајте да ставите и кармин со нијанса слична на боја на виното. Во оваа комбинација ќе се чувствувате како вистинска модерна дама и ќе имате повеќе самодоверба каде и да се појавите.

Светло сина и кафеава

Можеби комбинацијата на овие две бои ви звучи чудно, но кога ќе ги облечете парчињата облека во светло сина и кафеава боја ќе сфатите дека вашиот изглед е фантастичен! Контрастот ќе направи вашиот изглед да биде повпечатлив, а вие ќе уживате во центарот на вниманието.

Црно-кафеава комбинација

За оваа комбинација е многу важно каква нијанса на кафеава ќе одберете. Препорачливо е да комбинирате посветли нијанси на кафеава со црни парчиња облека. Кога соодветно ќе ја комбинирате облеката, овој изглед ќе стане вашиот омилен.

Кафеава и зелени нијанси

Само помислете на природата и ќе сфатите дека кафеавата и зелената боја се совршена комбинација. За оваа сезона ви препорачуваме да комбинирате различни нијанси на зелена боја, особено некои маслинести и војнички тонови, со кафеави парчиња облека. Овие две бои одлично се совпаѓаат, а вие ќе се чувствувате одлично кога ќе ги носите.

Бежови нијанси

Беж е всушност бледокафеава нијанса, па затоа одлично одговара со кафеавата боја. Ваквите комбинации некако прават вашиот изглед да биде топол и пријатен, а сепак ве прават да изгледате како дама со одличен стил на облекување. Ефектот кој го постигнуваат овие две бои е навистина неверојатен, па зарем не би посакале да изгледате неодоливо?

Розово-кафева комбинација

Може да се каже дека ова е уште една несекојдневна комбинација на бои, но дефинитивно ќе направи да изгледате нежно и модерно. Комбинирајте различни нијанси на розова и кафеава боја и со сигурност ќе изгледате фантастично.

Комбинации со окер

Уште една одлична комбинација, со бои кои совршено одговараат. Изгледајте прекрасно во комбинација на окер и кафеава, а доколку сакате малце да разбиете монотонијата догаш додадете тексас.

 

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Cosmostore baner
ladybook СВЕЖО
Taiva