хороскоп игри музика
ВТОРНИК, 28 НОЕМВРИ 2017
Кои се најплатените супермодели во светот?

Млади, убави, атрактивни, со воодушевувачки тела, тоа се познатите светски модели кои заработуваат милиони. Постојано освојуваат со својата убавина на модните писти, како и со фотографиите на социјалните мрежи, насловните страници, магазините итн. Иако постојано изгледаат прекрасно и поголемиот дел од дамите посакуваат да имаат живот како нивниот, сепак и нивната професија знае да биде навистина напорна и тешка. Вистината е дека светските модели заработуваат многу, а дали некогаш сте размислувале за тоа кои се најплатените светски супермодели? Сега можете да го дознаете тоа! 

Ешли Грем 

Една од ретките модели со облини која во моментов заработува 5,5 милиони долари од ревии и кампањи. Ешли стана омилено лице на сите жени кои имат облини и сметаат дека тоа е одраз на женственост. Оваа убавица е од Небраска и постојано со задоволство држи мотивациски говори кои им помагаат на жените да го прифатат своето тело, баш онакво какво што е.

Бела Хадид

Бела Хадид е млада и релативно ново лице во модниот свет, а веќе ги маѓепса сите со својата убавина и секси изглед. За нејзината успешна кариера е доказ фактот дека таа заработува 6 милиони долари.

Лиу Вен

Вен е првата манекенка од Кина која се појави на ревија на Victoria’s Secret. Таа заработува дури повеќе и од Бела Хадид, односно заработува 6,5 милиони долари.

Карли Клос

Кога имаше само 20 години, Карли Клос беше меѓу топ три најбарани модели, а нејзината популарност се докажува со фактот дека половина од нејзините едиторијали се објавија во најпродаваните изданија на светските магазини. Оваа убавица заработува 9 милиони долари.

Рози Хантингтон Вајтли

Англиската манекенка и актерка на својата сметка секоја година додава дури 9,5 милиони долари.

Џиџи Хадид

Џиџи, барем за сега, е поплатена од својата сестра Бела и нејзината заработка од ревиите е 9,5 милиони долари. Во моментов е една од најпопуларните манекенки, кога плени со својот изглед и го привлекува вниманието каде и да се појави. Не е ни чудо што оваа девојка сите ја ангажираат и бараат.

Адријана Лима

Без никаква конкуренција најубавиот модел, Адријана Лима заработува 10,5 милиони амерички долари. Оваа убавица е повеќе посветена на своето семејство отколку на кариерата, па можеби и затоа не е во топ три најплатени супермодели во светот.

Криси Тиген

Сопругата на Џон Леџенд првпат се најде на листата на најплатени манекени и тоа благодарение на големото зголемување на бројот на пријатели на социјалните мрежи. Славната убавица, која се најде на голем број насловни страници, од модата заработува 13,5 милиони долари.

Жизел Бундшен

Оваа преубава бразилка повеќе не е број еден најплатена модна икона. Во моментов се наоѓа на второто место со заработка од 17,5 милиони долари.

Кендал Џенер

Во моментов најплатен супермодел во светот е Кендал Џенер. Својата слава ја стекна уште како девојче благодарение на шоуто Keeping Up with the Kardashians. Денеска таа е миленичка на голем број модни креатори и заработува 22 милиони долари.

post cover photo

шопинг book
ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПОДНОВИТЕ? Обратете се кај нашите пријатели листа на пријатели
Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Bella Zimska Bajka
ladybook СВЕЖО
Taiva