хороскоп игри музика
ВТОРНИК, 28 НОЕМВРИ 2017
Интервју со најдобриот македонски маратонец Александар Кираџиев

Многу е тешко да се најде некој кој ќе го разбере ова што го правам во „Кралицата на спортовите“, колку сериозни напори и средства вложувам во најтешката атлетска, а воедно и Олимписка дисциплинаво интервјуто за Ladybook, најдобриот македонски маратонец Александар Кираџиев зборува повеќе за своите досегашни успеси, за плановите во иднина и за тоа дали е лесно во нашата земја да се најде компанија која на каков било начин може да му помогне на еден успешен спортист во остварување на целите.

post cover photo

Кои Ваши успеси Ве прават најдобриот маратонец во Македонија?

Најдобар маратонец резултатски, сум во последната повеќе од една декада. Сè уште не сум сопственик на државниот рекорд во Маратон, што секако е мој огромен предизвик во перспектива.

Инаку, три години во низа сум Национален шампион во Маратон, оваа година 2-та најдобри резултати во Маратон се истрчани од мене и мојот најдобар резултат истрчан пред две години во Милано изнесува 2ч 38мин, што е резултат кој во нашата земја не е истрчан повеќе од една декада наназад.

Кој маратон Ви бил најголем предизвик?

Секогаш најголем предизвик за мене е Скопскиот Маратон. Тој е воедно и државно првенство во Маратон, го трчам на домашен терен, одговорноста најверојатно е поголема, а со тоа и товарот и предизвикот пред останатите кои го подржуваат она што го работам.

Кој беше последниот маратон во кој учествувавте и кои резултати ги постигнавте?

Последно трчав на Истанбул Маратон. Тоа е еден од најголемите светски маратони и единствен во светот кој се трча на два континента. Таму истрчав резултат 2ч 50мин, во исклучително тешки амбиентални услови и финиширав во првите 30 од вкупно преку 20-тина илјади тркачи.

Кој е следниот маратон во кој ќе учествувате и каков пласман очекувате?

Со оглед на тоа што оваа сезона веќе за мене официјално заврши, сега сум во базичен период и се подготвувам за наредната сезона. Веќе од сега во агендата го имам следниот предизвик, а тоа е Хановер Маратон, на кој ќе се обидам да го подобрам мојот најдобар резултат во Маратон, а после тоа следува и големиот Скопски Маратон, на кој ќе атакувам на 4-та титула во најтешката дисциплина.

Дали е лесно да се најдат компании кои можат на каков било начин да придонесат за остварување на Вашите цели?

Одговорот е краток и едноставен – исклучително тешко. Напротив, многу е тешко да се најде некој кој ќе го разбере ова што го правам во „Кралицата на спортовите“, колку сериозни напори и средства вложувам во најтешката атлетска, а воедно и Олимписка дисциплина. А на тој начин е ретко, навистина ретко се наоѓа некој кој го сака трчањето и ме помага во постигнување на повисоки резултати. Тука во суштина се соочувам со најголемите проблеми и предизвици.

Со Фибернет кон крајот на оваа сезона започнавме една како за почеток скромна, но професионална соработка, која со свој удел ми помогна до целите за Истанбул Маратон и за што сум навистина благодарен. Се надевам на продлабочување на соработката со овој голем бренд во иднина и се надевам дека заеднички би можеле да направиме поголеми маратонски успеси.

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Cosmostore baner
ladybook СВЕЖО
Taiva