хороскоп игри музика
ВТОРНИК, 12 ДЕКЕМВРИ 2017
Одлични рецепти со само неколку состојки

Кога немате многу време за да подготвувате вкусен оброк, а сепак морате да јадете, тогаш искористете некој од овие одлични рецепти. Со само три или повеќе намирници ќе можете да уживате во превкусна храна!

Пица со лепче со лук

Состојки

  • 8 парчиња леб (по можност со лук)

  • 1 тегла сос за пица

  • 2 шолја рендана моцарела

  • Кулен

Начин на подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во садот за печење ставете хартија за печење и наредете ги парчињата леб. На секое парче ставете од сосот за пица, доволно за да се прекрие едната страна на лебот. Потоа, одозгора ставете го куленот и на крајот ставете го кашкавалот. Печете 5-6 минути, додека кашкавалот не се стопи.

Поховано пилешко со кромид

Состојки

  • 4 пилешки гради (без коски и кожа)

  • 1/2 шолја сенф со мед

  • 1 1/2 шолја кромид (сечкан, пропржен)

Начин на подготовка

На хартија за печење ставете малку масло. Во среден сад ставете го сенфот со мед, а во посебен сад ставете го сечканиот, пропржен кромид. Секое парче од пилешките гради ставете го во сенфот со мед, а потоа во кромидот. Внимателно секое направено парче ставете го на хартијата за печење. Одозгора наросете уште малку од кромидот. Ставете да се пече 25-30 минути во претходно загреана рерна на 200 степени. 

Доматни тестенини

Состојки

  • одберете ги вашите омилени тестенини

  • 1 тегла доматен сос

  • 2 шолји индиски оревчиња

  • 1/2 шолја вода

  • лук

  • сол и зачини по вкус

Начин за подготовка

Најпрвин подгответе ги тестенините, а откако ќе ги сварите чувајте ги на оган за да бидат топли. Во меѓувреме, во блендер ставете ги индиските оревчиња, водата, лукот и солта. Откако ќе добиете смеса како крем, поделете ја на два дела, едниот ставете го во ладилник и чувајте го за друг рецепт, а другиот додадете го во тестенините. Мешајте додека сè убаво не се соедини. Одозгора украсете со сол, бибер и зачини, а можете да сервирате и со месо, зеленчук или друга комбинација која на вас ви се допаѓа.

Равиоли лазања

Состојки

  • 1 тегла со вашиот омилен сос за тестенини

  • 450 гр смрзнати равиоли

  • 2 шолји ситно сечкан моцарела кашкавал

  • Рендан пармезан (по желба)

Начин на подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Одберете сад во кој ќе го печете јадењето и покријте го дното со одбраниот сос. Ставете 1/3 од равиолите, а потоа покријте ги со сос и 1/3 од моцарелата. Направете уште два вакви слоеви. На крај ставете фолија и ставете да се пече 30 минути. Извадете ја фолијата и печете уште 15 минути. Служете со наросен пармезан.

Пржен ролат со сирење

Состојки
  • 8 парчиња бел леб

  • 8 парчиња чедар кашкавал

  • 1/4 путер

Начин на подготовка

Со сукало поминете ги лепчињата, за да добиете тенки парчиња. Ставете од кашкавалот на секое парче и потоа полека, внимателно виткајте го во ролат. Стопете 2 лажици путер на среден оган. Потоа додадете ги ролатите и пржете ги додека не добијат златно-кафеава боја и додека кашкавалот не се стопи. Сервирајте веднаш.

Кашкавал и компири

Состојки

  • 1 кг црвен компир

  • 3 шолји рендан чедар кашкавал

  • 1 1/3 шолји павлака

  • сол

  • бибер

  • млад кромид (по желба)

Начин на подготовка

Рерната загрејте ја на 180 степени. Во поголем сад сварете ги компирите, додека не станат меки. Потоа оставете ги да се оладат. Откако убаво ќе се оладат излупете ги и рендајте ги на големите дупчиња на рендето. Потоа ставете во поголем сад и измешајте со 2 шолји од кашкавалот (останатиот дел оставете го за подоцна) и целата павлака. Додадете сол и бибер по вкус. Добиената смеса ставете ја во сад за печење. Печете откриено околу 15 минути, а потоа извадете од рерната и додадете ја остананата шолја чедар и повторно вратете во рерната. Печете уште 10 минути или додека кашкавалот не се стопи и компирите убаво не се испечат. Пред сервирањето декорирајте со сечкан млад кромид.

Пилешко со басамико

Состојки

  • 1 кг пилешки гради (без коски и без кожа)

  • 1 тегла лут доматен сос

  • 1/2 шолја балсамико оцет

Начин на подготовка

Во тенџере за бавно готвење додадете го пилешкото, потоа ставете го сосот и одозгора балсамико оцетот. Покријте и гответе на тивок оган околу 6 часа или на силен оган околу 4 часа. Потоа со вилушка разделете го пилешкото и измешајте го со сосот.

Авокадо со јајца

Состојки

  • 3 авокада

  • 6 големи јајца

  • сол и бибер 

  • 2 лажици сечкан млад кромид

Начин на подготовка

Загрејте ја рерната на 220 степени. На тава за печење ставете хартија за печење и малку испрскајте масло. Пресечете го авокадото на половина и со лажица, извадете го средниот дел, така што ќе направите мала дупка во средината на секое авокадо. Потоа, искршете јајце и ставете го во дупката. Повторете го тоа со останатите авокада и јајца. Потоа додадете сол и бибер по вкус. Ставете во рерната и печете 15-18 минути. Сервирајте веднаш и декорирајте со младиот кромид.

Карфиол со нане

Состојки

Карфиол

  • 1 среден карфиол (сечкан на тенки парчиња)

  • 2 лажици маслиново масло

  • 3 морска сол и бибер

  • 1/2 куркума

Сос со нане

  • 1 шолја маслиново масло

  • 1/2 свежо нане

  • 1/2 свеж коријандер

  • 1/2 шолја свеж магоднос

  • 2 чешниња лук

  • малку мелен ѓумбир

  • 1/2 мали лути пиперчиња

  • 1 лимон (цеден)

  • 1 лажичка морска сол

  • бибер

  • 1 лимета (цедена)

Начин на подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете ги зачините на сечканиот карфиол и потоа ставете да се пече околу 30 минути. Во меѓувреме подгответе го сосот со нане. Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека добиете соединета смеса. Кога карфиолот ќе добие златно-кафеава боја, извадете го од рерната и одозгора нанесете го сосот. Овој оброк можете да го чувате во фрижидерот околу една недела.

Печени салам и кашкавал

Состојки

  • тесто за пица

  • течно исечена салама

  • 1 шолја рендан моцарела кашкавал

  • свеж магодонос за декорирање и сеф за послужување (по желба)

Начин на подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. На подлога покриена со малку брашно растегнете го тестото, така што ќе добиете правоаголник. Наредете ги подеднакво парчињата салама, така што ќе оставите празно место на краевите. Потоа, одозгора подеднакво прекријте со моцарелата. Од едниот крај почнете да виткате, така што ќе направите ролат од целото тесто. Ставате на тава за печење, на која претходно ќе ставите хартија за печење. Печете околу 50 минути, додека тестото не добие златно-кафеава боја. Откако ќе го испечете, оставете да отстои 10 минути, преда да го исечете на парчиња. Сервирајте со сенф и декорирајте со магодносот. 

Пилешки пуканки

Состојки

  • 2 пилешки гради

  • 1 шолја BBQ сос

  • 6 шолју чипс со вкус на BBQ сос

Начин на подготовка

Загрејте ја рерната на 190 степени. Во сад за печење, ставете хартија за печење. Пилешките гради исчкајте ги на ситни парчиња и ставете ги во сад. Додадете го сосот во садот и убаво измешајте. Во поголема ќеса, искршете го чипсот така што ќе добиете многу ситни парченца. Секое парче од пилешките гради убаво покријте го со чипсот и потоа редете на тавата за печење. Печете околу 12 минути, додека месото не добие златно-кафеава боја. 

Лосос со песто

Состојки
 
Песто сос
  • 1/2 шолја мали ливчиња спанаќ 

  • 1/4 шолја ливчиња босилек

  • 1 лажица сок од лимета

  • 1 чешне лук

  • 2 лажици рендан пармезан

  • сол и бибер по вкус

  • 3 лажици маслиново масло

Лосос

  • 280 гр лосос филети

  • сол и бибер

  • 1 лажица маслиново масло

Начин на подготовка

Припремете го песто сосот: во блендер ставете го спанаќот, босилекот, сокот од лимета, лукот, пармезанот, солта и биберта. Убаво измешајте и потоа полека додавајте маслиново масло. Добиеното песто ставете го во мал сад и оставете го настрана. За да го подготовите лососот потребно е парчињата да ги поминете со сол и бибер од двете страни. На среден оган, загрејте го маслото и потоа пропржете го лососот по 3 минути од двете страни, за да добие златно-кафеава боја. Сервирајте го лососот во чинија и одозгора нанесете го пестото. Јадете веднаш!

Јајца во сланина

Состојки

  • 18 парчиња сланина (регуларно исечкана)

  • 6 јајца

  • 1 лажици ситно исечкан свеж магдонос

  • сол и бибер по вкус

Начин на подготовка

За ова јадење ви е потребна тава за печење мафини. Премачкајте ја тавата со кокосово масло, а рерната загрејте ја на 180 степени. Со три парчиња сланина направете форма како корпичка и ставете во една од дупките на тавата. Направете го тоа и со останатите парчиња сланина. Во секоја дупка ставете по едно јајце. Печете 25-30 минути додека јајцата не се убаво зготвени. Потоа со лажица внимателно извадете ги јајцата со сланина. Декорирајте со свежиот магдонос и послужете.

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Наредните денови после празниците:
– Да го фрлам ли или ќе го јадеш?
– А, расипано ли е?
– Ако планираш да го јадеш, не е расипано!

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...до ден-денес, кралицата Елизабета има испратено над 50.000 божиќни картички.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Напиши нешто вредно за читање или направи нешто вредно да се пишува за него - Бенџамин Френклин.

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Bella Zimska Bajka
taiva hidro
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано