хороскоп игри музика
СРЕДА, 06 ДЕКЕМВРИ 2017
10 начини како да ги намалите брчките околу очи

Без разлика на тоа на која возраст сте, кога ќе започнат да се појавуваат првите знаци на стареење и кога самата кожа ќе почне да ја открива вашата возраст, тогаш со сигурност ќе посакате да најдете начин за да ја намалите видливоста на брчките или да ја спречите нивната појава. Лошата вест е дека стареењето не може да се спречи, но добрата вест е дека процесот може да се успори. Доколку сакате подолго време да го задржите вашиот младешки изглед и да ја одржувате кожата здрава и сјајна, тогаш почнете да ги практикувате следните работи.

post cover photo

Помалку време на сонце

Броје ден причина за појава на брчките е сонцето. Тоа е докажано со голем број на истражувања. Една студија која е направена на близначки, докажано е дека изложеноста е многу поважна од наследноста. Едната која поминувала ограничено време на сонце имала помалку брчки и изгледала помладо за разлика од другата сестра која поминувала долго време на сонце.

Нанесувајте крем за заштита од сонцето

Ако морате да бидете изложени на сонце, тогаш задолжително нанесувајте крем за заштита. На тој начин ќе ја заштитите повеќе вашата кожа и ќе спречите појава на брчки.

Откажете се од пушењето цигари

Сѐ повеќе истражувања докажуваат дека цигарите влијаат во побрзо стареење на кожата, бидејќи негативно влијаат на колагенот и еластинот, кои се многу важни состојки на кожата. Со едно истражување со брат и сестра, докажано е дека братот кој пушел цигари имал повеќе брчки и потенка кожа за разлика од сестрата која била непушач.

Доволен и квалитетен сон

Кога не спиете доволно, тогаш организмот произведува дополнително количество на кортизол, хормон која негативно влијае на клетките на кожата. Поради тоа, многу е важно доволно да одмарате и да имате квалитетен сон, ако сакате да ја намалите појавата на брчки.

Спијте на грб

Дури и спиењето во одредени позиции може да влијае врз појавата на брчки. За потполно да ја намалите појавата на брчки најпрепорачливо е да спиете на грб.

Консумирајте повеќе риба

Рибата е голем извор на протеин, кој помага во одржувањето на кожата, а исто така е и извор на омега 3 масни киселини. Со редовното консумирање на риба, вие ќе предизвикате вашата кожа да изгледа млада, здрава и сјајна.

Консумирајте повеќе соја

Истражувањата докажале дека ако почесто додавате соја во вашата исхрана, тогаш со сигурност ќе делувате во намалување на брчките и ќе ја подобрите структурата на кожата по само шест месеци консумирање. 

Заменете го кафето со какао

Докажано е дека какаото ја штити кожата од оштетувањата од сонцето, ја подобрува циркулацијата на клетките на кожата, прави хидрација и на кожата ѝ дава нежен и сјаен изглед.

Консумирајте повеќе овошје и зеленчук

Овошјето и зеленчукот се многу важни поради антиоксидантите кои ги содржат. Антиоксидантите се борат против слободните радикали и ѝ помагаат на кожата да изгледа поздрава и заштитена од стареењето.

Нанесувајте крем против брчки

Идеално решение е да нанесувате Taiva Cell2Cell крем за очи, кој содржи уникатна комбинација на иновативни и високо ефективни активни состојки кои дејствуваат и на плитките и на длабоките брчки и целосно ја зајакнуваат цврстината и тонусот на кожата. Овој крем е идеално решение за брчки околу очите и подуените очни капаци, бидејќи моментално ја измазнува кожата и ги израмнува брчките (15 мин), ја подигнува и затегнува кожата, ја зголемува синтезата на колаген и еластин и повторно ја зацврстува и зајакнува колагенската мрежа.

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Bella Zimska Bajka
ladybook СВЕЖО
Taiva