хороскоп игри музика
СРЕДА, 13 ДЕКЕМВРИ 2017
Бои кои ќе бидат тренд оваа зима

Во периодот полн со празнична еуфорија и позитивно расположение сигурно би сакале да заблескате во вашето најдобро издание. Познато е дека модата се менува секоја сезона и веќе зборувавме за тоа кои се модните трендови за есен/зима 2017, но тоа што треба да го знаете за зимата која наскоро ќе започне се боите кои ќе бидат најголем тренд.

Кога имате свој личен и уникатен стил на облекување, можете многу лесно да се прилагодите на трендовите ако ги избирате боите кои во моментов се најмодерни. Погледнете кои бои треба да доминираат во вашите секојдневни модни комбинации и одберете ги нијансите кои највеќе ги сакате! 

Сребрена

Изглед кој дефинитивно се разликува од останатите! Овој период е полн со слави, прослави, свечени настани, а тука е и новогодишната ноќ, па затоа сребрените парчиња облека се вистински избор доколку сакате навистина да изгледате празнично и да заблескате каде и да се појавите. Сребрената боја можете да ја комбинирате со сива, црна, бела, црвена, а можете и да направите поуникатна комбинација со тегет, сина, розова, лилакова и портокалова.

Розова

Омилената боја на голем број дами и оваа зима ќе биде вистински хит. Розовите парчиња облека носете ги почесто и покажете ја вашата нежна и женствена страна. Можете да комбинирате посветла или потемна розова, а во зависност од тоа која нијанса ќе ја одберете, розовите парчиња облека можете да ги носите со црна, бела, кафеава, сива, тегет, сина, беж, зелена и бордо нијанса.

Мастило сина

Мастило сината некако идеално се совпаѓа со зимската атмосфера. Впечатлива боја, која е безвременска, а вашиот изглед го прави посебен и маѓичен. Можете да ја комбинирате и за деловните комбинации, за вечерните излегувања, денските прошетки, како и за кежуал и спортскиот изглед. Одлично одговара во комбинација со бела, црна, светло сина, розова, жолта, сива и беж.

Црвена

Црвената е дефинитивно празнична боја, па и оваа зима ќе биде бојата која ќе ја одбележи модата. Бидете впечатливи, модерни, женствени и уникатни со црвени парчиња облека. Црвената боја означува моќ, страст, самодоверба, па затоа можете да ја носите каде и да посакате, бидејќи со сигурност ќе го оставите посакуваниот впечаток. Дури и кога ќе направите модна комбинација без црвена боја, тогаш не пропуштајте да додадете некој црвен моден додаток или едноставно ставете црвен кармин или црвен лак на ноктите.

bella.mk

Жолта

Можеби жолтата ви делува повеќе како летна боја, но оваа зима во неа ќе изгледате идеално. За вистинска зимска комбинација, комбинирајте жолти, бели, сиви, црни парчиња облека. Но, тоа не значи дека не можете жолтата да ја комбинирате и со други бои, како на пример тегет, зелена, сина и розова. Одлично одговара и со неутрални нијанси. Оваа боја се поврзува со радост и среќа, па затоа ширете позитивна енергија во вашата околина со жолти комбинации.

Тегет

Тегет е повеќе боја која асоцира на знаење, сериозност, моќ и интегритет. Пријатна боја, која одлично одговара со кафеава, бела, сива, сина, а исто така и тексас. Можете да ја носите и со розови или неутрални нијанси и сигурно ќе изгледате неверојатно.

Портокалова

Портокаловата може да се каже дека многу ретко дамите ја комбинираат во својот изглед, но вистината е дека оваа боја е навистина посебна поради тоа што ја комбинира енергијата од црвената и среќата од жолтата. Ако носите повеќе портокалови парчиња облека тогаш ќе предизвикувате топлина кај останатите и сите ќе уживаат во вашето присуство. Оваа боја ќе биде вистински тренд оваа зима, па зарем е потребна уште некоја причина зошто треба да ја носите?

Маслинеста

Оваа нијанса на зелена многу често е во мода, така што сигурно веќе имате доста маслинести парчиња облека во вашиот плакар. Боја која означува мир, а вашиот изглед го прави модерен и посебен. Правете различни комбинации со различни нијанси, но бидете самоуверени во својот изглед и сигурно ќе зрачите со самодоверба.

Тиркизна

Уште една нијанса на сина која ќе биде тренд оваа зима. Навистина специфична боја, која привлекува внимание и изгледот го прави совршен. Бидете поуникатни во зимските денови и комбинирајте повеќе тиркизни парчиња облека, почнувајќи од панталони, здолништа, кошули, блузи, фустани, па сѐ до модни додатоци, чизми, чанти и слично.

Беж

Покрај сите впечатливи бои, оваа зима тренд ќе биде и нежната беж. Во деновите кога сакате да изгледате нежно и софистицирано, комбинирајте беж парчиња облека. Најдобар ефект ќе постигнете ако комбинирате со неутрални нијанси, но домнантен изглед можете да постигнете со кафеава, црна, црвена, тегет и зелена. Изборот е ваш, па затоа одберете да бидете најмодерната дама во градот!

 

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Наредните денови после празниците:
– Да го фрлам ли или ќе го јадеш?
– А, расипано ли е?
– Ако планираш да го јадеш, не е расипано!

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...до ден-денес, кралицата Елизабета има испратено над 50.000 божиќни картички.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Напиши нешто вредно за читање или направи нешто вредно да се пишува за него - Бенџамин Френклин.

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Bella Zimska Bajka
taiva hidro
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано