хороскоп игри музика
ВТОРНИК, 12 ДЕКЕМВРИ 2017
Која е најубавата библиотека во Европа?

Доколку сте обожавател на книгите, тогаш со сигурност би уживале во оваа библиотека!

Опатијата Сент Гален во Швајцарија е верски комплекс кој е основан од страна на Свети Отмар во 719 година. Оваа опатија е изградена со библиотека, бидејќи била според правилото на Бенедикт, кој пропишувал задолжително студирање на книжевноста. Опатијата со текот на вековите растела, се развивала, а заедно со неа и нејзината библиотека.

Во текот на годините била под неколку окупации, неколку власници биле сменети, била опустошена, реновирана, но опатијата до ден-денес постои. Својот конечен изглед го добила во 18. век, кога била реновирана во раскошен барок стил. Голем број на вредни ракописи кои се собирале низ вековите, како и најстариот архитектонски план, нацртан на пергамент, се преселeни во новиот простор, кој конечно преставувал адекватен простор за вредната книжевна збирка.

Во оваа библиотека има неверојатна атмосфера, благодарение на уметничките дела, рамките, дрвените балкони, полици, како и резбаните цветови. Поради неверојатната архитектура, комбинацијата на духовна атмосфера и рококо екстериер, библиотеката во Сент Гален сè уште се смета за ненадминлива во својот раскош и убавина.

Секоја личност којашто ќе ја посети оваа библиотека, најпрвин ѝ е потребно да се смири од сите впечатоци од разгледувањето и обиколката, за на крајот да може да се посвети на најголемото богатство кое таму се чува, а тоа е една од најбогатите збирки на ракописи на германски јазик. Помеѓу 600.000 книги, се наоѓаат 2100 напишани со рака. Поголемиот дел од книгите се од средниот век, а околу 400 се постари и од 1000 години.

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Наредните денови после празниците:
– Да го фрлам ли или ќе го јадеш?
– А, расипано ли е?
– Ако планираш да го јадеш, не е расипано!

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...до ден-денес, кралицата Елизабета има испратено над 50.000 божиќни картички.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Напиши нешто вредно за читање или направи нешто вредно да се пишува за него - Бенџамин Френклин.

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Bella Zimska Bajka
taiva hidro
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано