хороскоп игри музика
СРЕДА, 20 ДЕКЕМВРИ 2017
Промени во рутините за убавина кои треба да ги направите

Секоја дама има свои посебни рутини за убавина, но важно е тие почесто да се менуваат. Поради тоа што речиси секоја жена и девојка има голем недастаток на време, не може премногу да се посвети на негата и да започне со нови рутини. За да направите промени не ви е потребно многу, ниту пак да одвојувате посебно време, едноставно почнете да ги практикувате овие 10 работи.

post cover photo

Сушете ја косата на спротивната страна

Косата секако мора да ја сушите. Ако секогаш ја чешлате на десната страна, тогаш практикувајте да ја сушите од левата страна кон надесно. Откако ќе ја исушите, вратете ја во обичната положба и ќе забележите како вашата коса има поголем волумен и поубав изглед. Ова е одличен начин за да направите промена, а да не губите време на нови работи.

Чешлајте ги веѓите наназад

Ова е еден ефективен начин, иако можеби звучи чудно. Кога ќе ги средувате вашите веѓи, секогаш првин чешлајте ги наназад, односно на спротивната страна. На овој начин многу полесно ќе забележите дали има некое подолго влакно или места каде што имате помалку влакна, па така ќе можете да се концентрирате на тие работи. Откако ќе завршите, чешлајте ги во нормалната насока и крајниот резултат ќе бидат природни, густи, убави веѓи.

Бело моливче за очи

Кога се шминкате, препорачливо е почесто да нанесувате бело моливче за очи. Белата линија ќе направи вашите очи да изгледаат покрупни и ќе направи да изгледате поубаво и поприродно. Нежно нанесувајте бела линија на долниот и на горниот очен капак.

Ставајте парфем на целото тело

За да направите парфемот да трае подолго, тогаш не треба да го ставате само на вратот и зглобовите. Топлината на вашата кожа помага да се прошири мирисот, па затоа концентрирајте се на природно топлите делови, како задниот дел од колената, внатрешната страна на лактите и позади ушите. Доколку сакате, можете да ставате малку парфем на вашата коса. На овој начин ќе мирисате прекрасно во текот на целиот ден.

Направете карминот да трае подолго

Доколку моливчето за уста го употребувате за да направите усните да изгледаат подебели, тогаш треба да знаете дека моливчето помага карминот да трае подолго. Наместо да ставате моливче само на краевите на усните, нанесувајте го на целите усни. Моливчето има улога на основа и спречува карминот да се шири кон краевите на усната и спречува негово брзо бришење.

Потрајна шминка со коцка мраз

Овој трик е можеби чуден, но фантастичен. Кога ќе ставите кармин и сакате да трае подолго, тогаш поминете ја устата со коцка мраз, а исто така и продуктот. Овој трик се пренесува со генерации, па ништо нема да изгубите ако пробате. 

Нанесувајте хидратен крем

Најважната работа кога станува збор за грижа и нега на кожата е редовната хидрација. Затоа, почнете уште денеска со употреба на дневен и ноќен хидратен крем. Ви препорачуваме да користите Taiva Hydro Active Plus дневен и ноќен крем. Кремите за лице содржат HYDRASALINOL, eкстракт од алгата Salicornia Herbacea која има извонредна способност да ја задржи влажноста на кожата дури и во најекстремните услови. Овие креми дејствуваат директно во с’ржта на метаболизмот на уреа и на тој начин создаваат моментална хидрација и кај најсувата кожа. Кремите од оваа колекција ги репарираат нарушените функции на кожата, а со редовна комбинирана употреба на двете креми се постигнуваат видливи резултати за најмалку 28 дена.

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Наредните денови после празниците:
– Да го фрлам ли или ќе го јадеш?
– А, расипано ли е?
– Ако планираш да го јадеш, не е расипано!

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...до ден-денес, кралицата Елизабета има испратено над 50.000 божиќни картички.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Напиши нешто вредно за читање или направи нешто вредно да се пишува за него - Бенџамин Френклин.

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Bella Zimska Bajka
taiva nova god 2018
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано