хороскоп игри музика
ПОНЕДЕЛНИК, 18 ДЕКЕМВРИ 2017
Кои се најубавите дворци во Европа?

Овој период од годината е совршен за патувања, а Европа е секогаш идеалниот избор. Денеска можат да се најдат навистина ниски цени на летови и места за престој, па затоа не двоумете се во новата година да организирате некое кратко патување и да уживате во преубавите европски градови. Доколку одлучите да посетите некои од овие места, тогаш не пропуштајте ја шансата да ги посетите најубавите дворци во Европа!

Бакингемска палата, Лондон

Доколку планирате патување во Лондон, тогаш Бакингемската палата нека биде вашата прва станица. Поголемиот дел од палатата не е достапен за јавноста, но просториите кои се наменети за туристи навистина ќе ве одушеват. Салоните за прием и просториите за свечени прослави и забави, кои се украсени со голем број на уметнички дела и други експонати од кралската ризница на богатства, секого оставаат без здив.

Нојшванштајн, Германија

Овој дворец е направен за кралот Лудвиг II, кој бил наменет за кралски одмор на планина. Само седум дена по смртта на кралот во 1886 година, овој дворец е отворен за јавноста. Секоја година околу милион и 400 илјади луѓе годишно го посетуваат Нојшванштајн, со што се смета за еден од најпосетуваните дворци во светот.

Кралска палата, Мадрид

Кралската палата во Мадрид, денеска е резиденција на кралот на Шпанија и во неа има повеќе од 100 соби. Однадвор и однатре изгледа грандиозно, а најголем впечаток остава собата со престолот од времето на кралот Карлос Трети.

Палата Шенбрун, Виена

Овој спомен на културата е заштитен од УНЕСКО, а истовремено е и најпосетената атракција во Австрија. Станбениот дел, како и просториите отворени за јавност, даваат неверојатна слика за животот на кралевите, кралиците, луксузот и културата.

Версај, Париз

Најпознатиот француски замок, Версај, е еден од најпрестижните споменици на светското наследство. Објектот со архитектонски стил од 17. и 18. век опфаќа кралски апартмани, дворани со огледала, капели, кралска опера и историски музеј на Франција. Ловечкиот дом на Луј XIII е проширен по желба на неговиот син Луј XIV, кој дворецот го претворил во седиште на кралевското семејство и француската влада. Кралевските апартмани, двораните со огледала и капелата се познати по величествената декорација која преубаво е прередена.

Замок Вавел, Краков

Замокот се наоѓа на брдото Вавел. Овој замок бил дом на три династии полски владетели. Неговите преубави простории и одаи се полни со уметнички дела, едноставен стилски намештај и ретки древни предмети.

Замок Бран, Романија

Се верува дека овој замок опколен со магла бил инспирација за хорор романот Дракула од Брам Стокер. Авторот никогаш не го посетил овој замок, кој е познат како замокот на Дракула и кој е заштитен од голем број планини во Трансилванија. Ова место годишно привлекува голем број на туристи, а особено е примамлив за љубителите на литературата.

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Наредните денови после празниците:
– Да го фрлам ли или ќе го јадеш?
– А, расипано ли е?
– Ако планираш да го јадеш, не е расипано!

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...до ден-денес, кралицата Елизабета има испратено над 50.000 божиќни картички.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Напиши нешто вредно за читање или направи нешто вредно да се пишува за него - Бенџамин Френклин.

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Bella Zimska Bajka
taiva nova god 2018
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано