хороскоп игри музика
ПОНЕДЕЛНИК, 25 ДЕКЕМВРИ 2017
Како правилно да ги четкате вашите заби

Четкањето на забите е нешто што секоја личност го учи уште кога е дете, но колку луѓе всушност размислуваат на тоа дали своите заби ги четкаат и мијат на правилниот начин?

post cover photo

Оралната хигиена не е важна само поради свежиот здив и блескавите, бели заби, туку е важна за одржување на здравјето на забите, особено ако не сакате да имате сериозни проблеми подоцна во животот. Затоа, многу е важно да ги четкате забите правилно, а овие 10 совети ќе ви помогнат околу тоа!

Потребен ви е соодветниот прибор

Пред сѐ, за да ги четкате правилно забите, потребно е да ја одберете четката која е соодветна за вас и чија големина одговара за вашата уста. Ако е потребно да ја затегате устата, за да достигнете да ги исчеткате сите места, тогаш четката е премногу голема. Исто така, препорачливо е да бирате четка со помеки влакна.

Редовно менувајте ја четката за заби

По некое време, влакната на четката се оштетуваат, а исто така се насобираат и бактерии. Поради тоа е потребно редовно да ја менувата четката, со цел таа соодветно да ги чисти вашите заби. Препорачливо е една четка да ја користите само три месеци.

Четкајте ги забите (најмалку) двапати дневно

Потребно е да ги миете забите, најмалку двапати дневно: еднаш пред појадокот и еднаш пред да легнете да спиете. Секој пат кога ќе ги четкате забите, потребно е тоа да го правите околу 3-4 минути. Исто така, препорачливо е да ги четкате забите по секој оброк (не мора да употребувате паста за заби).

Бидете нежни

Најважно нешто кај миењето и четкањето на забите е да запомните дека тоа треба да го правите нежно. Нема потреба да притискате многу силно и брзо, бидејќи на тој начин можете да ги оштетите непцата.

Четкајте ги сите делови од забите

За време на тие 3-4 минути додека ги четкате забите, не се концентрирајте само на делот кој другите можат да го видат. Забниот камен може да се појави во сите делови, па затоа секогаш четкајте ги забите на сите делови, вклучувајќи ги и внатрешните и задни страни.

Електричната четка за заби не е подобра од обичната

Иако постојано гледате реклами кои ги препорачуваат електричните четки за заби, тоа што треба да го знаете е дека обичната не може ништо да ја замени. Можеби со електричната четка ќе ви биде полесно, но сепак запомнете каква четка и да одберете потребно е да имате добра паста, да четкате темелно, нежно и редовно.

Конец за заби

Конецот е важен, бидејќи ја отстранува храната помеѓу забите, која понекогаш е тешко да ја отстраните со четката. Затоа, секогаш пред миењето и четкањето употребувајте конец, со цел да не остануваат остатоци од храна, кои подоцна можат да делуваат во расипувањето на забите. Но, бидете внимателни, бидејќи конецот може да ги оштети непцата.

Четкајте го јазикот

Не само на забите, туку и на јазикот се собираат бактерии. Откако ќе завршите со четкањето на забите, тогаш нежно четкајте го и јазикот. На овој начин ќе ги остраните сите бактерии, а исто така ќе го спречите лошиот здив.

Раствор за плакнење на устата

Растворот за плакнење на устата игра главна улога за оралното здравје. Постојат различни видови на раствори, но секогаш консултирајте се со вашиот заболекар кој производ да го изберете. Кога по миењето на забите, ќе употребувате раствор за плакнење на устата, тогаш спречувате појава на кариес и бактерии.

Одржувајте ја вашата четка чиста

Секогаш по употребата убаво исплакнете ја четката и потоа ставете ја на чисто место, каде што ќе може убаво да се исуши. 

 

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Наредните денови после празниците:
– Да го фрлам ли или ќе го јадеш?
– А, расипано ли е?
– Ако планираш да го јадеш, не е расипано!

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...до ден-денес, кралицата Елизабета има испратено над 50.000 божиќни картички.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Напиши нешто вредно за читање или направи нешто вредно да се пишува за него - Бенџамин Френклин.

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Bella Zimska Bajka
taiva nova god 2018
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано