хороскоп игри музика
ПЕТОК, 05 ЈАНУАРИ 2018
Џецун Пема Вангчук - најмладата кралица во светот

Џецун Пема Вангчук е сопруга на кралот Џигме Кесар Намѓел Вангчук, која во 2011 година, кога имаше само 21 година застана на тронот на Бутан.

post cover photo

Оваа млада кралица ги освоите срцата на сите со својата скромност, добро срце, шарм и убавина. Денеска таа има 27 години и е најмладата кралица во светот. Таа е голем филантроп, постојано се залага за зачувување на животната средина и сака да биде дел од голем број на хуманитарни активности.

Пред да стане кралица, младата убавица студирала меѓународни односи со психологија и историја на уметноста. Откако го завршила студирањето, таа се вратила во Бутан и тогаш било прогласено дека таа ќе се омажи со Неговото Височество, кралот познат како Кралот Змеј. Тоа што е заедничко за неа и нејзиниот сопруг е што и двајцата студирале во Англија, а и двајцата се љубители на уметноста.

27-годишната Џецун и 37-годишниот Џигме често се нарекувани и Кејт и Вилијам од Хималаите. Нивната средба со војвотката и принцот привлече многу големо внимание, не само кај жителите на Бутан, туку и кај луѓето од целиот свет.

Во едно интервју кралот изјави дека долго време чекал пред да стапи во брак. Не е важно кога ќе стапиш во браксè дури тоа го правиш со вистинската личност. Јас сум сигурен дека се оженив со правилната личност, рече тој. Во 2016 година, се роди нивниот син, принцот Џигме Намѓел Ванчук и во негова чест беа засадени 108.000 дрвја.

 

 



Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Наредните денови после празниците:
– Да го фрлам ли или ќе го јадеш?
– А, расипано ли е?
– Ако планираш да го јадеш, не е расипано!

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...до ден-денес, кралицата Елизабета има испратено над 50.000 божиќни картички.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Напиши нешто вредно за читање или направи нешто вредно да се пишува за него - Бенџамин Френклин.

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Bella Zimska Bajka
taiva nova god 2018
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано