хороскоп игри музика
ПЕТОК, 05 ЈАНУАРИ 2018
Работи од кои треба да се ослободите во 2018

Започна новата година, но дали вие започнавте со вашите нови планови и остварување на новите желби? 2018 година започна во понеделник, па затоа може да се каже дека е идеалната година за промени и нови работи. 1 јануари е прв ден во неделата, прв ден во месецот, прв ден во годината и нека биде прв ден од вашиот нов живот.

post cover photo

Многу луѓе се чувствуваат возбудени околу 2018, можеби поради тоа што милениумот станува полнолетен и самото тоа дава некоја надеж и верба дека ќе се случуваа само убави, маѓични работи и чуда. Сепак, за да се случуваат убави работи и да почнат промените во вашиот живот, не треба да чекате да се случи некое чудо, туку треба да почнете да дејствувате сами. За почеток е потребно да се ослободите од некои работи, па дознајте кои се тие.

Работи кои повеќе навистина не ви се потребни

Сигурно и вие имате дома од оние работи кои не знаете кога може да ви затребаат. На пример, во плакарот имате многу парчиња облека кои не сте ги облекле со месеци, а можеби и години, но сепак ги чувате бидејќи не знаете дали во некој момент ќе ви затребаат. Исто така, сигурно чувате и разни предмети, за кои сте многу поврзани или пак ги чувате предолго време што едноставно ви е жал да ги фрлите. Оваа година напревете простор за нови работи! Ослободете се од сите предмети и облека која навистина не ви се потребни, а ви зафаќаат простор. Ништо нема да ве боли, а на крајот ќе се чувствувате неверојатно!

Опседнатост со мобилниот телефон и социјалните мрежи

Кога помалку време ќе поминувате гледајќи во мобилниот телефон и листајќи ги социјалните мрежи, ќе сфатите всушност колку многу време имате во текот на еден ден. Можеби не е толку едноставно да се откажете од овие работи, но сепак трудете се да ги сведете на минимум. Кога сте изложени постојано на различни информации, тие можат да ве оптеретат и да ви создадат нервоза, затоа во новата година поставете си цел дека времето нема да го поминувате гледајќи во мобилниот телефон. Времето искористете го за прошетки, читање книги, списанија, весници, дружење со пријателите или други работи кои вас ве опуштаат и ве прават среќни.

Козметички производи кои долго време ги имате

Во новата година, негата нека ви биде на првото место. Но, квалитетната нега! Кога малку повеќе ќе се грижите за себеси, тогаш многу подобро ќе се чувствувате и ќе бидете порасположени. Затоа, веднаш разгледајте ги сите козметички производи кои ги имате и исфрлете ги оние кои ги користите толку долго, што дури не се сеќавате ни кога сте ги купиле. Старите, заменете ги со нови, лесни, хранливи креми кои на соодветен начин ќе ја негуваат вашата кожа и ќе го освежат вашиот изглед.

Посветете внимание на полиците, фиоките и плакарите

Одвојте еден ден и проверете што сè имате во вашите плакари, фиоки и полици. Празните кутии за ЦД-иња, стари честитки, слушалки кои не работат, флаери кои не ви се потребни, стари списанија, кутии кои не ги користите за ништо... зошто сè уште ги чувате тие работи? Ослободете се од сите работи кои немаат никаква функција и вашите фиоки, полици и плакари наполнете ги со потребни и корисни работи.

Snooze опцијата на алармот

Доколку сте од оние типови кои имаат проблем да се разбудат наутро и алармот ги буди 10 пати, тогаш оваа година ослободете се од snooze опцијата и створете си навика да станувате уште првиот пат кога ќе заѕвони алармот. Верувајте, за брзо време ќе забележите позитивна промена!

Нездрава исхрана

Секако дека промените во новата година не можат да бидат без желбата за поздрави навики, поздрава исхрана и поздраво тело. Нека не биде ова само уште една година кога бесцелно ќе се трудите, туку навистина кажете им збогум на нездравата храна и нездравите пијалаци и грижете се повеќе за вашето тело.

Негативни пријатели

Понекогаш е тешко да се прекине долгогодишното пријателство, но кога гледате дека некоја личност негативно ви влијае, тогаш е подобро да се одалечите. Луѓето како што растат, така се менуваат и поради тоа е сосема нормално повеќе да не се пронаоѓате и разбирате со некои пријатели. Не го одржувајте вашето пријателство со сила, ако ниту на едната ниту на другата страна не ѝ одговара. Дружете се повеќе со луѓе кои се позитивни, кои ве мотивираат и во чие присуство се чувствувате пријатно. Луѓето кои ќе ве тераат да работите на себе и да бидете подобра личност.

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Наредните денови после празниците:
– Да го фрлам ли или ќе го јадеш?
– А, расипано ли е?
– Ако планираш да го јадеш, не е расипано!

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...до ден-денес, кралицата Елизабета има испратено над 50.000 божиќни картички.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Напиши нешто вредно за читање или направи нешто вредно да се пишува за него - Бенџамин Френклин.

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Bella Zimska Bajka
taiva hidro
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано