хороскоп игри музика
ПОНЕДЕЛНИК, 29 ЈАНУАРИ 2018
Познати реплики - икони на модерниот дизајн

Деталите во домот по некои правила треба да се вклопуваат во ентериерот. Појавата на нови материјали и технологии, отсекогаш претставувала мала револуција во дизајнот. Уште од многу одамна постоеле дизајнери кои еспериментирале, истражувале и оделе чекор понатаму кон иновации и нови концепти. Денес се прават многу реплики на познати дизајнери на мебел кои се посакувани во сечиј дом.

Кокос столица

Типичен дизајн за педесетите од минатиот век – дизајнерот Џорџ Нелсон го споредува овој стол со кокос којшто е изрежан на 8 делови. Пластичната подлога е бела, додека навлаката е во најразлични бои. Ова враќање на природните форми со хумористичен предзнак, му овозможува на Нелсон да создаде неодолива и удобна фотелја за пријатно седење во безброј позиции.

post cover photo

Marshmallow софа

Оваа интересна софа, наречена по истоимените колачиња се состои од кружни перничиња кои изгледаат како да лебдат над металната рамка, и е дизајн на Џорџ Нелсон и Ирвинг Харпер. И покрај својот неверојатен изглед, ова дело е многу удобно. Софата ја развеселува собата, а оние кои ја поседуваат ги прави среќни и задоволни, пружејќи им незаборавна релаксација.

Ѕидни часовници

Ѕидниот часовник понекогаш е толку интересен и атрактивен со својот дизајн, што доколку го имате не мора да се обидувате да го украсите останатиот дел од ѕидот со тапети и слики и притоа да добиете шаренило од бои. Џорџ Нелсон создава ѕидни часовници кои се исполнети со функционалност, но и декоративност што ги прави особено интересни за просторот.

Јајце столица

Делото на светски познатиот дизајнер, Арне Јакобсон, е направено специјално за хотелот Ројал во Копенхаген во 1958. Конструкцијата ја сочинува ладна пена прекриена со ткаенина и кожа во различни бои со ѕвездено обликувана алуминиумска база.

Лебед столица

Лебедот на Јакобсен претставува технолошки иновативен стол, без строги линии. Единствено има свиткани и кружни форми. Конструкцијата се состои од синтетички материјали обложени со слоеви од ладна пена, а целиот стол е прелиен во кожа која може да биде во најразлични бои.

Romeo Moon светилка

Едноставна и функционална висечка светилка, една од многуте реплики на познатиот француски дизајнер Филип Старк, која е создадена во 1998. Има оригинален дизајн поради специфичната изработка. Внатрешниот дел е направен од непроѕирно стакло, а надворешниот од пресувано стакло.

 

Извлечи колаче порака
Виц

– За што те судеа?

– За мито.

– А како те ослободија?

– Со мито.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
dermaplus

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...за да се свари јајце од ној, потребни се околу 40 минути.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Образованието е најмоќното оружје што можете да го употребите за да го промените светот. – Нелсон Мандела

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано