хороскоп игри музика
САБОТА, 27 ЈАНУАРИ 2018
Совети за нега на кожата во зима

Ладните зимски денови освен што предизвикуваат појава на симпатични „црвени“ обравчиња на лицето, сѐ почесто се причина за појава на непријатна затегнатост и сувост на кожата, а во екстремни случаи распукување, лупење, чешање, црвенило, па дури и појава на егзема.

post cover photo

Нега на лицето

Кожата на лицето е најизложена на надворешните влијанија и потребна е посебна нега и внимание. Избегнувајте сапуни, пилинзи и маски на база на глина кои имаат својство да ја извлечат водата од кожата. Лосионите кои содржат алкохол покрај нечистотијата ги отстрануваат и природните масти.

Употребувајте млеко за чистење, лосиони без алкохол или мицеларна вода со благи пенители кои ќе ја отстранат нечистотијата на лицето, а истовремено ќе ја хидрираат кожата на лицето.

По чистењето на лицето, особено важен чекор е употребата на квалитетен хидратантен крем. Изберете производ кој дејствува длабински и овозможува долготрајна хидратација на кожата. TAIVA HYDRO ACTIVE PLUS дневниот и ноќен крем за лице дејствуваат во длабинските слоеви на кожата, го зголемуваат создавањето на уреа и го згуснуваат липидниот слој на кожата. На тој начин се спречува губитокот на вода, се зголемува хидратацијата на кожата за 60 пати и има долготраен ефект. Дејствата се клинички испитани и докажани.

Нега на телото

Негата на кожата на телото е подеднакво важна и покрај тоа што не е директно изложена на надворешниот студен воздух. Избегнувајте туширање со многу топла или жешка вода. Повеќето средства за туширање ги отстрануваат природните масти во кожата кои се неопходни за мека и природно хидрирана кожа. Отстранување на природните масти од кожата доведува до нејзино прекумерно сушење. Поради тоа, побарајте производи за туширање кои содржат благи пенители, кои ефикасно ќе ја отстранат нечистотијата од кожата, а истовремено ќе ги зачуваат природните масти во кожата и ќе спречат нејзино пресушување.

TAIVA геловите и кремите за туширање содржат благи природни пенители, збогатени со различни природни состојки како: ши путер, масла од арган и маслинка, хијалуронска киселина, алое вера, протеини од свила кои оставаат нежен хидратирачки слој на кожата кој ги надополнува изгубените масти од кожата и го спречува губитокот на вода.

По туширањето, особено е важно телото нежно да се помине со чист пешкир, кој ќе ги впие капките вода од површината на кожата. Не се препорачува силно триење на кожата со пешкир. Веднаш се нанесува хидратантно или хранливо млеко за тело. TAIVA млеката за тело ефикасно ја хидрираат и негуваат кожата, брзо и лесно се впиваат и не оставаат масна трага. Не содржат силиконски масла и парабени.

TAIVA * Smart cosmetics * Smart choice

 Авторот е докторанд на фармацевтски науки

Извлечи колаче порака
Виц

– За што те судеа?

– За мито.

– А како те ослободија?

– Со мито.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
dermaplus

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...за да се свари јајце од ној, потребни се околу 40 минути.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Образованието е најмоќното оружје што можете да го употребите за да го промените светот. – Нелсон Мандела

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано