хороскоп игри музика
ВТОРНИК, 30 ЈАНУАРИ 2018
Почувствувајте го вкусот и мирисот на Франција!

Полнети паткини гради со мед и сос од вишни. За вистинско гастронономско задоволство!

post cover photo

Наоружете се со трпение, бидејќи француската кујна бара детална подготовка и внимание. Верувајте, трудот ќе ви се исплати и ќе уживате во незборавниот вкус и мирис.

Секогаш кога зборуваме за Франција, нѐ асоцира на Ајфеловата кула, познатата катедрала Нотрдам, Лувр.... сѐ до познатите парфеми, високата мода и префинетата кујна.

За да ве запознаеме со тајните на галските специјалитети, ќе ви подготвиме полнети паткини гради со мед и сос од вишни.

Состојки

  • паткини гради

  • шумски печурки

  • вишни, мед

  • црвено вино

  • путер, лук, магдонос

  • сол

  • бибер

  • праз

  • лиснато тесто

Начин на подготовка

Најпрво, паткините гради се засекуваат во средина и се полнат со ситно исечканите печурки, неколку чешниња лук и зачините. На загреана тава се ставаат паткините гради и се запечува по 2-3 минути од двете страни. Кожата на патката се прелива со мед, потоа се посолува и се става во рерна на температура од 175 °C околу десетина минути. Месото се вади кога кората ќе стане црвена и крцкава.

Додаток

Лиснато тесто, печурки, сол и бибер. Лиснатото се сече на коцки и во средината се става од исечканите печурки и се врзува како вреќичка со праз (празот се сече на тенки ленти погодни за врзување). Подврзаните вреќички се премачкуваат со жолчка, се ставаат во рерна и се печат 10 минути.

Сос од вишни

Овој сос се прави од сокот на паткините коски, вишни, црвено вино и малку путер за да се добие густина со слатко-киселкаст вкус. Остатокот од печурките се динствува со путер и се сервира покрај паткините гради. Месото никогаш не се прелива со сосот бидејќи нема да биде крцкаво.

Паткините гради се сервираат со лиснатите вреќички и се украсува со магдонос.

Вon appétit!

Извлечи колаче порака
Виц

– За што те судеа?

– За мито.

– А како те ослободија?

– Со мито.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
dermaplus

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...за да се свари јајце од ној, потребни се околу 40 минути.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Образованието е најмоќното оружје што можете да го употребите за да го промените светот. – Нелсон Мандела

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано