хороскоп игри музика
СРЕДА, 31 ЈАНУАРИ 2018
Прекрасен пијалак со извонреден вкус и мирис

Кога шпанците во Мексико најдоа какао, веднаш се заинтересираа за овој драгоцен плод. Нивниот водач Кортез го оцени од војничко гледиште. Во своето писмо до царот Карло истакнува дека една шолја од овој необичен пијалак на војникот му дава доволно сила да може цел ден да маршира.

post cover photo

Мексиканците какаото го подготвувале со вода, а го засладувале со мед и со сладок јаворов сок. Сиромашните луѓе додавале пченкарно брашно (заради поголема хранливост) и црвен пипер. Овој пијалок се вика Shokolati, што значи вода од какао. Таа вода била многу ценета, а зрната какао служеле како пари. Со нив се плаќале и даноците. Градот Тобаго му давал на царот Монтезуми по 160 милиони зрна какао на годишно ниво. Шпанските историчари од тоа време тврдат дека Монтезуми секој ден варел по 50 филџани чоколада (најверојатно за него и за неговата фамилија) и 2000 филџани за дворјаните.

Во почетокот на 16. век, шпанците испратиле какао во својата земја каде што во прво време не било многу ценето. Најмногу против оваа новост се бунеле свештениците. Но, кога шпанците го подготвиле овој прекрасен пијалак, тогаш ни Светата инквизиција не можела да го спречи ширењето на какаото во Европа. Од Шпанија пристигнало во Франција, како подарок за францускиот крал, а потоа се појавил и во австрискиот двор, воведен од Марија Тереза.

Какаото, најпрво се подготвувало од печени зрна, па така се добивала многу густа и мрсна маса. За да се ублажи горчината од чоколадото, првите фабриканти какаото го мешале со скроб и така ги направиле првите плочки чоколадо.

Дури во почетокот на 19. век, холанѓанецот Ван Хотен пронашол начин како на какаото да му се отстрани маснотијата, а при тоа да се зачува миризливиот теобромин, најдрагоцениот дел на какаото.

Теоброминот пријатно го возбудува човекот и му ја враќа силата, а наликува на теинот (во чајот) и кофеинот (во кафето). Ван Хотен е првиот кој го произвел какаото во денешниот вид, какао во прав, од кој луѓето почнаа да подготвуваат чоколада додавајќи шеќер, а потоа и млеко.

 

Извлечи колаче порака
Виц

– За што те судеа?

– За мито.

– А како те ослободија?

– Со мито.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
dermaplus

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...за да се свари јајце од ној, потребни се околу 40 минути.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Образованието е најмоќното оружје што можете да го употребите за да го промените светот. – Нелсон Мандела

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано