хороскоп игри музика
СРЕДА, 31 ЈАНУАРИ 2018
Најчести прашања поврзани со бременоста

Дали грчевите за време на бременост се нормални?

Рано во бременоста грчевите можат да претставуваат нормални појави иницирани од хормонални промени, подоцна во бременоста можат да бидат последица на растот на матката. Грчеви што се различни од претходните бремености, кои се зголемуваат, кои се јавуваат во регуларни интервали или кои се придружени со вагинално крварење можат да бидат знак на бременост надвор од матката, заканувачки абортус, пропуштен абортус или предвремено породување. Редовниот преглед кај гинекологот е неопходен за да се отстранат можните сомнежи за одредени болести и ризици во бременоста.

post cover photo

Зошто бремените жени имаат зголемена желба за спиење и се чувствуваат изморени?

Понискиот крвен притисок, кој е нормален во бременоста, пониското ниво на шеќер во крвта, хормоналните промени кои се должат на успивачкиот ефект на прогестеронот и анемијата која се јавува во бременоста заедно придонесуваат за замор.

Кога обично се чувствува движењето на фетусот?

Во првата бременост обично околу 18тата недела, а во следните бремености околу 16тата недела.

Кои промени на косата се чести во бременоста?

Кај голем број жени се јавува зголемено опаѓање на косата и зголемена телесна влакнетост која може да биде резултат на зголемените нивоа на одредени хормони.

Дали сексуалниот однос е безбеден за време на бременост?

Сексуалниот однос е безбеден, доколку не се работи за патолошка бременост.

Зошто инфекциите на уринарниот тракт се почести во бременоста?

Во бременоста се јавуваат промени кои го зголемуваат ризикот за инфекции на уринарниот тракт, а во тој ред најважни се проширувањата и хиптонија на колективниот систем на бубрезите, предизвикани од притисокот на матката на уретрите кои ја изнесуваат урината од бубрезите во мочниот меур и намалување на природната антибактериска активност на урината.

 

Извлечи колаче порака
Виц

– За што те судеа?

– За мито.

– А како те ослободија?

– Со мито.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
dermaplus

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...за да се свари јајце од ној, потребни се околу 40 минути.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Образованието е најмоќното оружје што можете да го употребите за да го промените светот. – Нелсон Мандела

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано