хороскоп игри музика
ВТОРНИК, 06 ФЕВРУАРИ 2018
Најдобри совети против стареење на кожата

Доколку сте забележале дека вашата кожа почнала да старее и да го губи својот сјај, сигурно веќе го имате оружјето против стареењето што се состои од разни лосиони, серуми и креми од кои се враќа сјајот на кожата. Сепак, кога се работи за превенција од стареење на кожата, изборот на разумни промени ќе ги избрише годините од вашето лице. Овие совети навистина помагаат во тој процес.

post cover photo

Избегнувајте го цевчето за пиење

Употребата на цевчето може да биде наивна навика, но со текот на времето може да забележите брчки околу устата. Колку повеќе ги употребувате мускулите за да се напиете од цевчето, толку позабележливи ќе станат линиите околу устата.

Избегнувајте ги цигарите (кога веќе не можете да се откажете од пушењето)

Додадете го на листата причини зошто би требало да се откажете од пушењето, бидејќи тоа исто така полека го уништува вашиот изглед и може да предизвика предвремено стареење на кожата, пожолтени заби, па дури и зголемен ризик од псоријаза.

Овошје и зеленчук

Додека здравата исхрана прави чуда за целото ваше тело, овошјето и зеленчукот што содржат антиоксиданти, како витамини Б и Е, се особено одлични за кожата.

"Антиоксидансите помагаат во заштитата на кожата од слободните радикали кои се наоѓаат во околината и се штетни за клетките на кожата", вели дерматолог Марни Нусбаум. "Тие функционираат така што ги спречуваат слободните радикали да го разрушат еластинот и колагенот на кожата, што резултира со помладешка и поздрава кожа".

Протеини

Повеќето жени треба да јадат 46 грама протеини дневно (и повеќе ако сте бремени, доите или сте спортист). Достигнувањето на таа цел ќе ви помогне во губење на тежината и едноставно ќе ја задржите вашата младешка фигура. Протеините помагаат да се изгради и да се одржува мускулната маса, што всушност со годините се обидувате да ја изгубите. А покрај тоа, тие се од суштинско значење и за здрава хоса.

Намалете го шеќерот

Како ризикот од преголема тежина, дијабетес и срцеви заболувања да не е доволен, па шеќерот има штетно влијание и врз вашата кожа. Но, не паничете. Уживајте во слатките, но, во мали количини и фокусирајте се повеќе на водењето активен животен стил и здрава исхрана.

Спијте на свилена перница

Памукот и полиестерот придонесуваат за развлекување на кожата, но свилата и сатенот се понежни и можат да спречат будење со траги од перницата. На свилата, едноставно вашата кожа се лизга и помага за подобар сон и поубава коса наредното утро.

Вежбањето нека ви биде приоритет

Според истражувањата, редовните вежби можат многу да ви помогнат да изгледате помладо и да избришете неколку години од вашиот изглед, ќе го забави стараеењето, а вашата кожа ќе ви биде благодарна.

Намалете го стресот

Стресните ситуации не се штетни само за вашето ментално здравје, вашата кожа исто така страда од нив. Стресот и хормоните што се лаќат при стресот го забрзуваат стареењето и влијаат врз сјајот и изгледот на вашата кожа. За да го спречите предвременото стареење, мора да го намалите стресот. А тоа може да го направите со повеќе сон, да практикувате јога или да научите да медитирате.

Ексфолирајте го лицето на вистинскиот начин

Ексфолијацијата на кожата со употреба на зрнца може да биде еден од начините за да ја отстраните мртвата кожа на лицето, но многу е важно да не ја влошите состојбата на вашата кожа. Премногу ексфолирање може да биде контрапродуктивно. Затоа се препорачува да се консултирате со дерматолог за тоа кој е најдобриот метод за вашиот тип на кожа.

Намалете ја солта во исхраната

Веќе добро знаете дека храната со висока содржина на натриум го задржува количеството на вода во вашето тело, правејќи ве да се чувствувате жедно и подуено. За да ја намалите постепено солта во исхраната, при готвењето употребувајте сок од лимон и свеќи билки. Не само што ќе изгледате помалку подуено, исхраната со ниска содржина на натриум ќе го намали ризикот од висок крвен притисок и мозочен удар.

Пијте многу вода

Недоволното консумирање вода ќе се рефлектира на сјајот на вашата кожа. Доколку заборавате да се напиете вода, можете да го измамите вашето тело и да внесете вода во вашиот организам со додавање на повеќе овошјеви зеленчук во вашата исхрана.

Намалете со алкохолот

Кога зборуваме за алкохолот, размислете два пати пред да посегнете по втората чаша вино бидејќи добро знаете дека тој го дехидрира телото. Дехидрираната кожа изгледа постаро и нема сјај. Бидете особено внимателни со белото вино, затоа што киселината во белото може да го наруши сјајот на вашата кожа и да влијае врз вашите блескави заби.

Мијте го лицето пред спиење

Знаете дека треба да си го измието лицето пред да одите во кревет, но понекогаш, едноставно не го правите тоа. Меѓутоа, експертите велат дека доколку пропуштите да ја завршите оваа обврска на крајот од денот, ја пропуштате можноста за обновување на кожата. Кожата се обновува преку ноќ додека спиете, па ако сакате да го подмладите вашиот изглед, најважно е советите да ги применувате навечер пред спиење.

Нанесувајте креми за лице без парабени и силикони

Постојат многу брендови на креми за лице кои ветуваат дека брчките на лицето ќе исчезнат, но не сите тие креми се ефикасни и безбедни за вашата кожа. Кога купувате крем за лице против брчки внимавајте тој да биде без парабени и силикони. Наш предлог за ваков крем е Taiva Cell 2 Cell Repair ноќниот крем. Неговото дејство е извонредно, а воедно е безбеден за вашето здравје. 

 

Извлечи колаче порака
Виц

– За што те судеа?

– За мито.

– А како те ослободија?

– Со мито.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
dermaplus

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...за да се свари јајце од ној, потребни се околу 40 минути.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Образованието е најмоќното оружје што можете да го употребите за да го промените светот. – Нелсон Мандела

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано