хороскоп игри музика
ПЕТОК, 09 ФЕВРУАРИ 2018
6 совети за дневната соба

Доколку се наоѓате во својот дом, влезете во вашата дневна (а оние кои сте на работа, затворете ги очите и визуализирајте ја собата). Што гледате? Смирувачко место што ја негува вашата дизајнерска душа или хаотична соба што уште повеќе ве вознемирува? Кога ќе ги елиминирате овие 6 работи од вашата соба за дневен престој, уште денес ќе почувствувате олеснување.

post cover photo

Видливи жици

Жиците и каблите во вашиот дом веќе не ги ни забележувате и станаа невидливи за вас, но последиците од модерното живеење можат да ви создадат голем хаос во идејата за пријатен и смирувачки дом. Иако веќе не ги забележувате толку, веднаш ќе ја почувствувате разликата кога ќе ги тргнете од видикот и кога фокусот ќе падне на убавите декорации кои ги имате во домот, а не на жиците.

Расфрлани перници

Дневните соби се магнет за украси и декоративни предмети за кои немате идеја каде да ги ставите, па во текот на годината само додавате предмети во дневната. Понекогаш, тоа може да дојде како добро освежување во домот, но сепак на крајот се натрупуваат премногу работи. Затоа, тргнете ги непотребните работи коишто само го пополнуваат просторот и не внесуваат свежина во вашиот дом.

Неред на масичката за кафе

Масичката за кафе е пристаништето за сите непотребни работи кои по навика, речиси секогаш ги оставате токму овде. Иако обично служи за пополнување на просторот и стои во ќош, масичката за кафе треба да биде средена и чиста. Тоа не значи дека треба да ги тргнете сите работи од неа, туку едноставно расчистете ја.

Лош распоред на мебелот

Ако во вашата дневна соба постои место на кое не сакате да седите бидејќи е премногу цврство или премногу меко, тогаш зошто сè уште го чувате во домот? Заменете го со некое кое кога ќе го видите, едноставно ве повикува да седнете и да се опуштите.

Празни и здодевни ќошиња

Дневната соба е срцето на вашиот дом, затоа е многу важно да посветите посебно внимание на аглите и ќошињата во зависност од големината на собата и распоредот на мебелот. Посветете внимание на декорацијата на дневната соба, таа треба да го отсликува вашиот карактер и да понуди топла и пријатна атмосфера.

Лошо осветлување

Една работа е да се обидете да го подобрите осветлувањето (тоа треба да го направите во сите соби), но доколку веќе го имате направено тоа во дневната соба со убави столни светилки или свеќи, направете чекор повеќе и отстранете го секој вид на лошо осветлување во домот.

 

Извлечи колаче порака
Виц

– За што те судеа?

– За мито.

– А како те ослободија?

– Со мито.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
dermaplus

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...за да се свари јајце од ној, потребни се околу 40 минути.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Образованието е најмоќното оружје што можете да го употребите за да го промените светот. – Нелсон Мандела

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано