хороскоп игри музика
ПЕТОК, 09 ФЕВРУАРИ 2018
6 психолошки навики кои прават да се чувствувате осамено

Многу е важно да имате добри и пријателски односи со луѓето бидејќи социјалните врски заземаат голем од животот. Меѓутоа, понекогаш времето кое го вложувате во градењето на однос со некој не вродува со позитивни резултати. Ако забележите дека вашето време повеќе го поминувате грижејќи се за туѓите проблеми наместо за своите, време е да застанете и да размислите.

post cover photo

Не можете да кажете НЕ

Што се случува: на вашиот дневен распоред имате повеќе обврски што треба да завршите и исполните за другите, отколку вашите: советување, купување, грижа... листата нема крај. Секоја од овие работи е губење на вашето драгоцено време. Ако ве прашаат колку од овие луѓе направиле нешто за вас, ќе остарите дури смислите одговор.

Што да направите: вашите задачи нека ви бидат приоритет. Ако некој се обидува да докаже дека вие сте неблагодарна и себична личност, најверојатно се работи за обична манипулација. Пред слепо да му помогнете некому, запрашајте се најпрво дали оваа личност, во суштина,  ја заслужува вашата помош цело време.

Барате одобрување

Што се случува: не се чувствувате доволно самоуверено и постојано чекате одобрување од луѓето чие мислење ви значи. Работите што ги правите, ги правите со цел да добиете пофалба или комплимент од вашиот шеф, колегите, пријателите и роднините. Кога ќе добиете одобрување, вие се чувствувате како да сте направиле нешто „добро“, но кога нема да го добиете очекуваното одобрување, се чувствувате како да се направиле нешто „лошо“.

Што да направите: она што треба да го направите е да имате верба во себе дека вие сте добра личност без да имате потреба тоа да им го докажувате на другите. Наместо постојано да барате одобрувње од другите, едуцирајте се и напредувајте во вашата професија, грижете се за вашето здравје, сакајте и бидете сакани. Самодовербата ќе стане ваш верен придружник, а потребата за одобрување и докажување ќе исчезне.

Барате оправдување за сè

Што се случува: вие никогаш не се расправате, никогаш не се жалите и никогаш не се борите за своите права. Полесно е да ја прифатите ситуацијата, да бидете стрпливи и молчаливи и да бидете „добрата“ личност којашто не предизвикува конфликти. Сето тоа е само илузија. Доколку не го искажете своето мислење и не кажете што мислите, никој нема да знае дека воопшто имате свое мислење.

Што да направите: дозволете си да имате мислење. Вие не треба да барате поддршка од оние што изгледаат посигурно од вас и звучат погласно. Кога отворено ќе го искажете своето мислење, вие ја покажувате вашата индивидуалност и уникатност. Заслуженото почитување е многу поважно од еднократната насмевка.

Секогаш се обвинувате себеси

Што се случувa: многу често се извинувате кога нема да ги исполните барањата на другите или нема да погодите нечии мисли, чувства или нема да ги исполните очекувањата. Каква било туѓа негативна емоција: лутина, незадоволство, тага, ве плаши и се чувствувате виновно.

Што да направите: одговорноста за туѓите чувства, проблеми и очекувања треба да им ја оставите токму нив, на другите. Кога се чувствувате загушено од вина, размислете за следното: што таа личност направила за да го реши својот проблем? Како има време да страда и да се жали, а ништо не прави во врска со решавање на истиот?

Не поставувате граница

Што се случува: вие секогаш сте подготвени да направите сè за сите. Ако некој има итен проблем или ситуација, вие ќе ги оставите вашите обврски и веднаш ќе отидете да му помогнете на „пријателот“ во неволја.

Што треба да направите: поставете принципи за вашата работа и дадете им до знаење на другите кои се тие. Ако за викендот планирате патување, кажете им на вашите колеги дека можете да работите на проектот до петок. Не треба да барате изговори. Вие сте приоритет број 1.

Правите работи што не ви се допаѓаат

Што се случува: вие сте заглавени помеѓу барањата на другите: вашите родители, роднини, пријатели и познаниции и ретко кога одбивате да му направите услуга на некој. Вашето време е распределено на многу делови, а ниту еден дел не се однесува на вас.

Што да направите: распределете го своето време за одмор, работа, домашни обврски, пешачење, среќа, патување. Изберете еден ден само за вас и правете го тоа што вас ви се допаѓа и размислете два пати пред да ја прифатите нечија работна задача.

 

Извлечи колаче порака
Виц

– За што те судеа?

– За мито.

– А како те ослободија?

– Со мито.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
dermaplus

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...за да се свари јајце од ној, потребни се околу 40 минути.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Образованието е најмоќното оружје што можете да го употребите за да го промените светот. – Нелсон Мандела

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано