хороскоп игри музика
ПЕТОК, 09 ФЕВРУАРИ 2018
Мали совети против мачнини за време на бременоста

Зголеменото ниво на хормони во првите месеци од бременоста може да биде причина за мачнина. По првото тримесечје, нивото на хормоните се балансира, поради што многу трудници почнуваат да се чувствуваат подобро по 12-тата или 14-тата седмица од бременоста. Доколку очекувате близнаци, тогаш нивото на хормоните е уште повисоко, така што може да имате поголеми мачнини.

Интересен е и ставот дека жените коишто чекаат женско дете имаат повеќе проблеми со мачнината, бидејќи нивниот организам произведува повеќе хормон HCG, за којшто се смета дека предизвикува мачнини.

post cover photo

Како да си олесните?

Мора да експериментирате за да откриете што ви ја олеснува мачнината. Еве неколку совети коишто можете да ги пробате:

Јадете често и внесувајте храна во помали количини. Исто така, јадете почесто за да го спречите опаѓањето на ниво на шеќер во крвта.

Пред спиење изедете оброк богат со протеини и скроб.

Наутро, пред да го започнете денот, изедете малку солени стапчиња или крекери и останете уште некое време да лежите (околу 20 минути). Една од теориите вели дека храната може да спречи напади од мачнина.

Пијте доволно течности, особено ако утринската мачнина е проследена со повраќање. Многу се корисни млечните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, како и супите. Ако течностите исто така ви создаваат мачнина, јадете цврста храна со висок процент на вода, како свежо овошје и зеленчук.

Не јадете мрсна храна за појадок. По појадокот, пијте сок или изедете некое овошје. На некои трудници им помага и грицкањето бадеми.

Ѓумбирот е ефикасен против мачнините – обидете се да изедете оброк во кој го има ова лековито растение.

Напијте се јогурт. Тој е природен извор на витаминот Б6, којшто помага при олеснување на мачнината.

Внесувајте витамини. Обидете се да го зголемите внесот на витаминот Б6 и цинк, но најпрво консултирајте се со лекарот доколку се одлучите за витамински таблети.

Јадете храна богата со протеини, како што е сојата, рибата, млекото и сирењето.

Намалете го стресот. Утринската мачнина почесто се јавува кога трудницата е под голем стрес. Телесниот и емотивниот замор ја зголемуваат мачнината. Користете повеќе време за спиење и релаксирање.

Користете ароматерапија. Маслото од цитрус не е опасно да се користи во бременоста. Ставете неколку капки на памук и вдишете ги кога ќе почувствувате мачнина.

 

Извлечи колаче порака
Виц

– За што те судеа?

– За мито.

– А како те ослободија?

– Со мито.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
dermaplus

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...за да се свари јајце од ној, потребни се околу 40 минути.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Образованието е најмоќното оружје што можете да го употребите за да го промените светот. – Нелсон Мандела

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано