хороскоп игри музика
ПЕТОК, 09 ФЕВРУАРИ 2018
Кажете им крај на некои предрасуди!

Сигурно досега стопати сте слушнале најразлични псевдонаучни совети и правила кои помагаат во случаи кога сметаме дека нема потреба од повисока стручна помош. Меѓутоа, најчесто таквите верувања се базираат на предрасуди, бабини верувања и верувања во кои луѓето биле принудени да веруваат затоа што немале друг или подобар излез. Сигурно досега сте слушнале дека маслиновото масло е добро против изгореници, дека студот предизвикува настинка или дека слатките предизвикуваат појава на акни. Тоа не значи дека во ваквите совети нема вистина, но во секој случај треба да бидете претпазливи затоа што најчесто станува збор за обични предрасуди кои се пренесуваат од генерации на генерации.

post cover photo

Пикантните јадења и лутите пиперчиња предизвикуваат чир

Неточно! Диеталната исхрана нема да ја спречи појавата на чирот затоа што него го предизвикува бактеријата helicobacter pylori којашто може да го нападне желудникот независно од начинот на исхрана. Сојузник на оваа бактерија е стресот. Кога е под стрес, организмот го зголемува производството на хлороводородната киселина, неопходна за варењето на храната, која ги надразнува и нагризува ѕидовите на желудникот. Тогаш слузницата на желудникот се воспалува и бактеријата може лесно да ја нападне.

Билните чаеви се добри затоа што се природни

Неточно! Чаевите и тревките, исто како и традиционалните лекови содржат активни материи кои поттикнуваат одредени хемиски реакции во организмот. Освен тоа, како што покажуваат резултатите од едно американско истражување, сите чаеви на се од билно потекло: некои содржат и лековити материи кои не се наведени на етикетите. Затоа е подобро да се посоветувате со лекар, особено ако истовремено пиете и лекови, затоа што постои можност од создавање опасни мешавини кои би можеле негативно да влијаат врз организмот.

Газираната минерална вода дебелее

Невистинито! Водата не содржи калории, што значи дека не дебелее. Пиењето многу течности ја поттикнува работата на мочните органи. Газираната вода може само да предизвика моментно чувство на подуеност во стомакот, но гасовите, како и течноста, многу брзо се отстрануваат од организмот.

Во бременоста треба да се јаде за двајца

Неточно! Ужасно смешна и неоснована предрасуда поради која многу жени прекумерно се дебелеат во текот на бременоста. Потребата на детето од четвртиот месец на бременоста е приближно дополнителни 200 калории, што е прилично неважно количество во секојдневната исхрана. Имено, 100 грама месо на скара или 100 грама интегрално печиво. Се смета дека идеално зголемување на тежината за девет месеци е приближно 10 килограми. Жените што се дебелеат повеќе од тоа, по пораѓањето ќе имаат проблем со прекумерна тежина.

Зафрлањето на главата наназад го спречува крвавењето од нос

Тотално погрешно! Во таа положба крвта се спушта во грлото, а не го запира крвавењето. Главата треба да се задржи во нормална положба или треба лесно да наведне нанапред. За да го спречите крвавењето, притиснете го коренот на носот со палецот и показалецот и задржете го притисокот неколку минути. На тој начин ќе го овозможите дејствувањето на нормалните процеси на коагулација во организмот, кои ќе доведат до спречување на крвавењето.

Маслиновото масло е добар лек против изгореници

Неточно! Како и сите останати масни материи, маслиново ја „гуши“ кожата и ја спречува да дише, поради што може да ги зголеми симптомите и да ја олесни инфекцијата. Изгорениот дел од телото веднаш ставете го под студена вода затоа што на тој начин ќе ги намалите оштетувањата предизвикани од топлината. Но, млазот на смее да биде силен, во спротивно уште повеќе ќе ја надразни кожата. Избегнувајте мраз и алкохол.

Студот предизвикува настинка

Не! Вистинските виновници се вирусите, кои ги има повеќе од 200 вида, постојаноо подготвени да се пуштат во акција. Слузниците на носот и грлото се први на удар особено во зима, кога ширењето на вирусите е олеснето поради престојот во затворени простории. Па така, блиските контакти со други лица го олеснуваат ширењето на вирусот.

Зголемената температура треба веднаш да се намали

Неточно! Ако температурата е меѓу 37 и 38 степени, не треба веднаш да земате лекови на база на парацетамол или ацетилсалицински киселини. Зголемената температура не е опасна по здравјето, напротив, таа претставува одбрана на организмот: загревањето е еден од начините за борба против микроорганизмите, затоа што го оневозможуваат развојот на вирусите и бактериите. Дури кога температурата ќе го премине 38-от Целзиусов степен, таа треба да се намали.

Слатките и сувомесните производи предизвикуваат акни

Неточно! Акните се поврзани со типичните хормонални промени во периодот на сексуалното созревање. Хормоните можат да ги затнат каналите на лојните жлезди при што се појавуваат мозолчиња и акни. Сепак, не претерувајте со чоколадото, затоа што тоа иако не предизвикува појава на нови акни, содржи материи што го зголемуваат воспалувањето на кожата.

Спанаќот лекува анемија

Неточно! Иако во 100 грама спанаќ има приближно 3 милиграми железо, организмот не успева целосно да ги асимилира. За тоа се виновни оксалатите, билните материи кои во цревата ја спречуваат апсорпцијата на железото. Апсорпцијата на овој минерал можете да ја подобрите така што веќе сварениот спанаќ ќе го попрскате со неколку капки лимон. Месото е многу подобар лек против анемија.

 

 

 

Извлечи колаче порака
Виц

– За што те судеа?

– За мито.

– А како те ослободија?

– Со мито.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
dermaplus

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...за да се свари јајце од ној, потребни се околу 40 минути.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Образованието е најмоќното оружје што можете да го употребите за да го промените светот. – Нелсон Мандела

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано