хороскоп игри музика
ВТОРНИК, 13 ФЕВРУАРИ 2018
Кураторскиот тим на МСУ во работна посета на солунските музеи

Тимот од Музејот на современа уметност Скопје беше во неколку дневна работна посета во неколку водечки институции од областа на современата уметност во Солун. Првиот човек на МСУ, в.д. директорката, Мира Гаќина и дел од кураторски тим, меѓу кои и искусниот Зоран Петровски, имаа повеќе значајни разговори за можната соработка.

post cover photo

Првична средба се оствари со официјалниот домаќин, Државниот музеј на современа уметност во Солун. Директорот на Музејот, г-ѓа Марија Цацаноглу (Maria Tsantsanoglou) во детали ја претстави актуелната состојба во музејот и нивните идни планови и изрази голем интерес за соработка со МСУ Скопје. И двата музеи се фокусирани кон современото уметничко визуелно творештво и имаат автентични и оригинални колекции кои покриваат важни периоди од светската уметност на 20 век.

„Долгите и исцрпни разговори со директорката Цацаноглу, доведоа до заеднички заклучок дека и нашиот и нивниот музеј имаат капацитет и интерес да остварат конкретна соработка уште во текот на оваа година и тоа во две конкретни области: Поттик и размена на современата уметничка сцена во Скопје и Солун и гостувачки изложби инспирирани од колекцијата на двата музеи. За изработка на оперативен план за реализација на ваква програма беше договорено следниот работен состанок да биде одржан наскоро во Скопје“ истакна в.д. директорката Гаќина.

Директорката Цацаноглу пак, истакна дека генерално, музеите можат да соработуваат и на планот на заеднички настап при конкурирање на соодветните фондови во ЕУ и други меѓународни структури.

Државниот музеј во себе обединува два ентитета специјализирани во областа на истражувањето (Центар за современи уметности) и фотографијата како медиум (Музејот на фотографија). Во Центарот за современи уметности тимот на МСУ беше запознаен со плановите на оваа истражувачка единица и беше утврдено дека постои простор за директна соработка на Центарот со МСУ Скопје во научно истражувачката област. Договорено беше конкретната соработка да биде предмет на престојниот работен состанок во Скопје. Во Музејот на фотографија, директорот Херкулес Папајоану (Hercules Papaioannou) настапи со конкретни предлози за размена, истражување и заедничко излагање. Конкретните предлози вклучуваат учество на млади уметници на Солунскиот фестивал, размена на информации за рецентната продукција во областа на уметничката фотографија и изложбено претставување на одбрани дела и размена на каталози и публикации.

Втората важна институција со која МСУ оствари работна средба е Македонскиот музеј на современа уметност во Солун. Директорката на Музејот г-ѓа Тули Мисироглу (Thouli Misirloglou) во отворен и срдечен разговор го запозна стручниот тим со особеностите на колекцијата на овој музеј, кој има сродна ориентација со МСУ Скопје. Мисироглу истакна дека основањето на солунскиот музеј е инспирирано од музејот во Скопје, како резултат на земјотресот во Солун во 1976 година, и солидарниот пристап и дека овој дел од заедничкото минато е исто така добра подлога за развивање на вистинска и плодна соработка. Можностите се големи од претставување на колекциите преку размена на скопската и солунска публика, до запознавање со рецентната сцена.

Тимот на МСУ Скопје беше примен и во администрацијата на градот Солун, од страна на заменикот градоначалник, г-ѓа Ели Крисиду, одговорна за културата и уметноста во градот. Крисиду во исклучително пријатен амбиент најави секаква помош за идејата за соработка на уметничката сцена од двете средини. Нагласено беше дека и градоначалникот Бутарис во развојот на современата визуелна уметност препознава важен приоритет за солунската администрација и општествениот живот во овој град, како и дека таквата ориентација ќе биде поддржана.

 

Извлечи колаче порака
Виц

– За што те судеа?

– За мито.

– А како те ослободија?

– Со мито.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
dermaplus

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...за да се свари јајце од ној, потребни се околу 40 минути.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Образованието е најмоќното оружје што можете да го употребите за да го промените светот. – Нелсон Мандела

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано