хороскоп игри музика
ЧЕТВРТОК, 27 ЈУЛИ 2017
Како да имате убави и секси нозе

На убавите нозе им се посветува многу внимание во денешно време. За нив се напишани многу стихови во многу песни, некои луѓе апсолутно ги обожаваат и им даваат предност во однос на другите делови од телото. Еве како да направите вашите нозе да изгледаат совршени, а другите девојки да ви бидат љубоморни.  

post cover photo

Чувајте ги вашите нозе

Дали сте по природа трапави и често паѓате? Бидете повнимателни, честото удирање ги повредува вашите нозе и предизвикува модрици, гребаници и рани. А тие не се баш секси!

Отстранувајте ги влакната

Најдете го начинот за отстранување на влакна кој најмногу ви одговара. Некои девојки преферираат депилација, а некои пак повеќе сакаат да употребуваат брич. Доколку одите на депилација, правете го тоа редовно и што почесто, а ако се бричите правете го тоа секој ден! Експертите велат дека е подобро да се бричите навечер, бидејки наутро нозете може да бидат потечени и бричењето нема да биде толку ефективно. Исто така многу е важно да НЕ БРЗАТЕ! Секако дека не сакате да си направите лузни.

Консултирајте се до дерматолог

Доколку забележите дека на вашите нозе се појавуваат акни, попуштени вени или други неправилности, консултирајте дерматолог пред да решите да преземете нешто на своја рака.

Вежбајте

Вежбањето им помага на мускулите на нозете да се развијат правилно. Без разлика на тоа што ќе одберете (трчање, скокање на јаже, брзо одење, возење велосипед, спортско качување, аеробик) нозете ќе ви бидат благодарни.

Практикувајте пилинг

Секогаш практикувајте пилинг со цел да ги отстраните мртвите клетки и да им дадете природен сјај на вашите нозе. Одберете пилинг богат со витамини, така не само што ќе ги отстраните старите клетки, туку ќе ги нахраните и новите.

Хидратирајте и масирајте

Употребата на крема или лосион за тело секојдневно ќе ја направи вашата кожа хидрирана и мазна. Исто така ќе ви помогне во одржување на тенот. Додека нанесувате крема или лосион, масирајте ги нозете бидејќи тоа ќе ви ја подобри циркулацијата, а добрата циркулација е клучна за убави нозе.

Носете високи потпетици со висина која ви прилега

Наместо да носите високи потпетици од 15 цм или ниски чевли најдете ја висината која им ласка на вашите нозе. Правилната висина може да направи вашите нозе да изгледаат издолжени и со подобар облик. Исто така, бидете сигурни дека се чувствувате удобно во потпетиците, бидејќи не сакате да изгледате трапаво или смешно.

Носете здолништа и кратки панталони со должина која ви прилега

Не треба да носите премногу кратки здолништа и панталони. Но сакате да бидат доволно кратки за да ги покажат и истакнат вашите нозе. Избегнувајте должина до глуждови или пак до половина лист, како и капри панталони кои се стеснуваат во коленото. Овие парчиња облека може да направат вашите колкови да изгледаат пошироки или пак во зависност од градбата - листовите преголеми. Доколку сте високи одберете панталони или фармерки со должина која може да се носи со високи потпетици.

Користете креми кои навистина помагаат во отстранување на целулитот и стриите

Не купувајте било какви козметички производи. Советувајте се со дерматолози и прашајте за препораки. Ако не прашувате нас, ние ви го препорачуваме Taiva Anti Cellulite & Stretch Marks кремот за тело. Овој крем:

  • JА НАМАЛУВА ВИДЛИВОСТА НА ЦЕЛУЛИТОТ
  • ЈА ИЗМАЗНУВА Т.Н. "КОРА ОД ПОРТОКАЛ" И СПРЕЧУВА СОЗДАВАЊЕ НА НОВА
  • ЗНАЧИТЕЛНО ЈА НАМАЛУВА БОЈАТА И МОРФОЛОГИЈАТА НА СТРИИ
  • ГО РЕДЕФИНИРА ДЕРМИСОТ

Брзи совети:

  • Седењето со прекрстени нозе може да ја отежне циркулација и да доведе до проширени вени и зголемен целулит. Прекрстените глуждови можат да го решат овој проблем.
  • Бидете трпеливи. Не постојат брзи и кратки начини кои ќе направат вашите нозе магично да станат прекрасни. Потребно е време и нега за да ги доведете до совршенство.
  • Честото носење високи потпетици може да доведе до истакнување на одредени мускули така што вашите нозе ќе бидат помалку елегантни.
  • Не се оптоварувајте со малите неправилности. Убавите нозе доаѓаат во сите облици и величини. Најважно е да им ја пружите најдобрата можна нега.
Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Трпе и вели на Трпана: – Трпано, замисли веќе шест дена лежам во штала покрај кравата, чекам да се отели и ништо!

Трпана:– Кога те гледа покрај себе, сигурно мисли дека веќе се отелила.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

Првиот веб сајт во светот, како што ние ги знаеме денес, бил лансиран во 1992 година и сè уште е онлајн.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Животот е многу едноставен, но ние настојуваме да го направиме комплициран. – Конфучие

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
kaputi GIF bella
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано