хороскоп игри музика
ПОНЕДЕЛНИК, 23 ОКТОМВРИ 2017
Храна поради која изгледате уморно

Се погледнувате вo огледало секое утро и ги забележувате оние досадни темни кругови околу очите. Веднаш почнувате да нанесувате коректор и пудра и тоа до некаде го подобрува изгледот. Но има нешто што можете да го направите за да си ја подобрите утринската слика – променете го начинот на исхрана.

post cover photo

Сол

Солта во исхраната е потребна, но секоја храна која има висока концентрација сол има тенденција да ве дехидрира, да ја исуши кожата и да изгледате поизморено отколку што навистина сте. Затоа, размислете за храна со помалку натриум или барајте ја онаа која е зачинета со други зачини и билки наместо со сол.



Вештачки засладувачи

Редовното консумирање шеќер може да предизвика воспалителни процеси, но тоа не е доволно добра причина за да се одлучите да употребувате вештачки засладувачи. Тие пак, содржат во себе аспартам чија употреба се поврзува со болки во зглобовите но и со зголемена потреба од слатко. Затоа можеби е подобро да јадете храна богата со природни шеќери како овошје, која истовремено ќе ви го отстрани оној уморен поглед во очите.



Пржена храна

Пржен кромид, пилешки прсти, помфрит. Ова се најлошите непријатели на вашата кожа.  Богати со масло и заситени масни киселини, овие производи можат да ги затнат вашите крвни садови а кожата да ја направат бледа и изморена. Освен тоа, со оваа храна имате многу повеќе шанса да си добиете некој килограм повеќе, па гледајте да ја избегнувате што повеќе.



Црвено месо

Нема потреба да станете вегетаријанец: само намалете го внесувањето на црвеното месо на вашата трпеза. Јадењето црвено место повеќе од еднаш неделно може да ви ги подуе очните капаци, да ви направи повеќе брчки и да ве почести со уморен изглед на лицето.



Зачинета храна

Можеби е добра за метаболизмот, но не е идеална за кожата. Зачинетата храна може да ви ја иритира кожата, да ги прошири крвните садови и да ви создаде нерамнини на кожата. Зачинетата храна е добра само кога е дозирана во мали и ретки порции.



Освен што треба да ја отфрлите или намалите оваа храна, многу е важно за здрав, млад и беспрекорен изглед да нанесувате веќе проверени креми за лице. 
Наш предлог е Taiva Cell2Cell Repair колекцијата составена од дневен и ноќен крем, интензивен серум за лице и крем за околу очи. 
Со овие производи ќе изгледате години помлади! Тие драматично делува врз длабоките и површинските брчки. Активната формула продира длабински во кожата и и’ пркоси на гравитацијата, затегнувајќи ја дури и кожата околу брадата. За најмалку 28 дена редовно користење наутро и навечер, знаците на стареење се видливо намалени, кожата е длабоко хидрирана, нежна на допир, ревитализирана и подмладена. 

 

 

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

– Колега, ти нов ли си?

– Да, денес ми е прв ден.

– Што имаш завршено?

– ПРАВО!

– Е па супер. Тогаш земај ја количката и терај ПРАВО кај мајсторот на скелето.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...медузата е 95% вода.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Фустанот мора да ја следи линијата на телото, а не телото да ја следи линијата на фустанот. – Хјуберт  де Живанши

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
kaputi GIF bella
ladybook СВЕЖО
Taiva
ladybook најчитано