хороскоп игри музика
ЧЕТВРТОК, 28 СЕПТЕМВРИ 2017
Како да го зачувате младешкиот изглед?

Сметаме дека жените се секогаш во потрага по некој нов совет кој ќе им помогне да ја зачуваат својата кожа млада, витална и убава. Затоа ви претставуваме неколку помалку познати начини кои можат да помогнат во одржување на младешкиот изглед.

post cover photo

Со храна против стареење

Еден од основните начини да ја зачувате вашата кожа млада е да јадете храна која го спречува стареењето. Кој не сака да внесе во своето мени здрава храна која воедно е добра и за кожата? Пробајте во вашата секојдневна исхрана да внесете повеќе грав, спанаќ, риба, ореви, лешници или бадеми и борете се со стреењето на вкусен начин! Овие продукти се полни со протеини и витамини кои помагаат да се одржи кожата млада.

Спијте на свила

Сите знаеме дека една од најголемите тајни на младешкиот изглед и свежата кожа е добриот сон. Но, ние ви откриваме уште една тајна. Доколку навлаката за перница е од свила, таа помага за превенција на брчките на лицето како и за поздрава коса. Исто така, доколку можете, обидете се да спиете на грб.

Заштитете го вратот

Кога нанесувате производи против стареењето на кожата на лицето, секогаш нанесувајте ги и на вратот. Не ги нанесувајте само на вашето лице, продолжете надоле кон вашиот врат и деколте, бидејки ова се всушност местата на кои се јавуваат првите знаци на стареење.

Носете ги очилата

Доколку едни од оние луѓе кои сериозно треба да носат очила, но тоа го одложуваат, ги забораваат или пак не им се допаѓа како изгледаат со очила и ги избегнуваат, престанете со тоа! Постојаното напрегање и муртење, како и било кој репетативен гест кој го правите со очите може да создаде брчки во тој предел. Ова секако не е иденствената причина поради која треба да ги носите очилата редовно, видот е далеку побитен!  

Избегнувајте шеќери

Шеќерот е непријател на вашата кожа. Тој помага да се забрза процесот на стареење и ослабне природниот колаген во вашата кожа, што може да доведе до предвремени брчки. Држете се настрана од шеќерот, а поблиску до овошјето.

Најдете време за одмор

Некои од најдобрите совети против стареење, се всушност и наједноставните. Оваа едноставна препорака да земете тајм аут од време на време и да се одморите може да направи многу за вас. Прошетајте, можете да одите на масажа, медитирајте или едноставно релаксирајте се во својот дом.

Покрај сите овие работи ви препорачуваме да употребувате Taiva Cell 2 Cell Repair интензивен серум за лице кој е одлично решение за длабоки брчки, брчки околу очите, стареење на кожата и груба кожа. Серумот ги пополнува длабоките брчки, ги редизајнира контурите на лицето, ги активира младешките протеини foxo & kloth, ја зголемува синтезата на колаген и еластин и ја хидрира кожата. Со редовна употреба наутро и навечер за најмалку 28 дена ќе забележите видливи резултати. 

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Bella Zimska Bajka
ladybook СВЕЖО
Taiva
ladybook најчитано