хороскоп игри музика
СРЕДА, 11 ЈАНУАРИ 2017
7 совети за да си ja организирате неделата на продуктивен начин

Претрупаната работна недела може да биде многу стресна. Можете да се чувствувате како да не можете да стигнете да направите ништо и дека списокот на обврски ви е преполн. За да си ги сочувате нервите треба да се организирате. Со само седум чекори ова ќе го сторите на многу ефикасен начин.

post cover photo

Направете список на обврските

Од витална важност е да имате список на обврски ако сакате да бидете продуктивни. Ако немате претстава што сè треба да се сработи, ќе ви биде тешко да направите било што од тоа. Направете листа на обврски кои мора да ги завршите до крајот на неделата, а на истата со црвен маркер обележете кои од тие обврски би ви одзеле повеќе време и која од задачите колку точно време ќе ви одземе.

Поставете си помали цели ако е потребно

Ако имате да завршите повеќе од еден проект, добро би било да го распределите истиот на сегменти. Како што ќе се намалуваат целите кои се обележани, ќе имате подобра слика за она што ви преостанува.

Вистинска организација

Ако не знаете до каде сте и што ви е потребно, ќе изгубите време кое може да е скапоцено. Проверете дали имате сè што ви е потребно од средства и податоци, за да бидете подготвени побрзо и поефикасно да ги завршите должностите.

Ако може автоматски, добредојдено е

Дали често губите многу време на работи кои реално не би требало да ви одземаат многу време? Некои работи можете да ги извршите многу едноставно со тоа што ќе симнете Интернет софтвер кој сам ги врши тие работи. Работете на истражување начини кои можат да ви помогнат да си ги олесните и забрзате вашите обврски.

Исполнување на обврските од најтешко до најлесно, или обратно

Некои од вас сакаат психички да си ја олеснат работата со тоа што прво ги сработуваат покомплицираните задачи, за на крајот да им останат поедноставните. Други пак сакаат прво да ги завршат помалите задачи, за да им остане повеќе време да се фокусираат на поголемите. Која стратегија и да ја користите, имајте на ум дека итните обврски се прелиминарни.

Набљудувајте го сопствениот напредок

Ако работите на поголеми проекти, следете го својот напредок и бележете го она што сте го сработиле. Ако трошите бесполезно време на навраќање и потсетување на она што сте го завршиле, само ќе ги трошите вашите умствени капацитети на непотребни нешта.

Кое време е најпродуктивно за работа

Важно е да знаете во кое време сте најефективни во работата. Ако најдобро функционирате наутро, тогаш во тој дел од денот работете ги најважните задачи. На тој начин ќе имате многу попродуктивна недела.

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Мажот не ја разбира жената во два периоди од животот – пред свадбата и по свадбата.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...слонот може да умре од скршено срце.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Запомнете дека некогаш е неверојатна среќа да не го добиете она што го сакате - Далај Лама

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Cosmostore baner
ladybook СВЕЖО
Taiva
ladybook најчитано