ПОНЕДЕЛНИК, 28 АПРИЛ 2014

Познати менаџери со свои сведоштва

СИТИ Колеџ, Mеѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, ја започна кампањата „Можете и Вие!“. Посебноста на кампањата е што експонира успешни дипломци од Република Македонија, прикажувајќи го нивниот просперитет како резултат на стекнатото образование.

post cover photo

Кампањата „Можете и Вие!“ се обраќа на сите што имаат амбиција да го стекнат своето образование на еден од најпрестижните универзитети во светот и со тоа да изградат професионална кариера.

Како дел од оваа кампања ќе ги видиме успешните приказни на неколку дипломци од Република Македонија, меѓу кои: Драгана Чифлиганец како маркетинг-директор, Александар Манев како косопственик на медиум, Димитар Никушев како извршен директор и Филип Лунески како менаџер на категорија производи. 

„Концептот на кампањата е тесно поврзан со искуствата на успешните дипломци од Универзитетот Шефилд во Република Македонија, коишто ги има повеќе од 850 на број. Во кампањата тие директно ги експонираат своите постигнувања и успесите на компаниите во коишто работат, со цел да се потенцираат предностите што ги нуди една едукативна институција како што е Универзитетот Шефилд. Сето тоа е проследено со визуелизација на кампусот и студентскиот живот, слика што ја прикажува универзитетската реалност во сета своја мера“, изјави Марија Никовска, од регионалната канцеларија на Универзитетот Шефилд во Скопје.

Универзитетот Шефилд е престижна образовна институција, рангирана во рамките на „Топ 100 универзитети во светот" и меѓу „Топ 10 универзитети во Велика Британија за истражувачка моќ". Според QS ранг листата за 2013 година, Универзитетот Шефилд се наоѓа на 71-та позиција во светот и на 25-тата во Европа. Припаѓа на 1% од „Најдобрите универзитети во светот" и е прогласен за „Универзитет на годината 2011-2012" од страна на Times Higher Education. Универзитетот Шефилд има 6 академски факултети; пет факултети се наоѓаат во Велика Британија, а СИТИ Колеџот е 6-тиот, Меѓународен факултет кој се наоѓа во Солун.

Мастерклас на Виктор Косаковски и работилница на Јана Цисар на 10. МакеДокс

Туризам

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com