хороскоп игри музика
ЧЕТВРТОК, 13 НОЕМВРИ 2014
Победниците и скандалите на Скопски фестивал

Даниел Кајмакоски е официјален победник на Скопскиот фестивал со неговата песна "Лисја есенски'. Даниел ќе ја претставува Македонија на Евровизија во Виена, Австрија.

post cover photo

Тамара Тодевска и нејзината песна "Брод што тоне" заврши на второто место. Таа на својот профил на Фејсбук напиша:

„Драги мои, многу сум задоволна од оваа втора награда, по не знам кој пат. Му честитам на Даниел и сакам да му ја пратиме сета среќа за најдобар пласман на Евровизија 2015. Заслужува.“

Еги заврши на третото место со композицијата "Да не те сакам".

Наградата за животно дело му беше доделена на Димитар Масевски, а Каролина Гочева ја прими наградата во името на семејството Милошоски, за прерано починатиот Даниел Милошоски од Авалон продукција за посебен придонес во музиката и соработка со Македонската телевизија.

За победниците беа обезбедени парични награди. Првопласираниот Кајмакоски доби 20.000 евра, второпласираната Тамара освои 10.000 евра, додека на третопласираната Еги ѝ беа доделени 5.000 евра.

И оваа година не помина без скандали. Неколку лица беа приведени заради злосторничко здружување и компјутерска измама во врска со резултатите за првите три места од Скопскиот фестивал за избор на песна за Евровизија. Според МВР, главни организатори на наместеното гласање биле еден од авторите и композитор на песните, сопственик на продукциска куќа, како и сопственик и управител на друштвото кое го организирало телефонското гласање. Досега ниту еден од изведувачите не е повикан на сослушување, a oсомничените решиле да се бранат со молчење. Дополнително, против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

– Колега, ти нов ли си?

– Да, денес ми е прв ден.

– Што имаш завршено?

– ПРАВО!

– Е па супер. Тогаш земај ја количката и терај ПРАВО кај мајсторот на скелето.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...медузата е 95% вода.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Фустанот мора да ја следи линијата на телото, а не телото да ја следи линијата на фустанот. – Хјуберт  де Живанши

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Cosmostore baner
ladybook СВЕЖО
Taiva
ladybook најчитано