хороскоп игри музика
САБОТА, 25 ОКТОМВРИ 2014
Како секогаш да излегувате убаво на слики?

Фотографите имаат свои тајни за тоа како да направат речиси секој да изгледа добро на фотографија. Овие трикови всушност и не се толку комплицирани, така што со неколку лесно чекори можете да научите како да кокетирате со камерата. Следниот пат кога ќе сакате да направите добра фотографија од себе, пробајте ги овие трикови:

post cover photo

Застанете со рацете покрај телото

Некои луѓе не се чувствуваат опуштено кога се пред камера. Професионалните фотографи знаат како да направат некој да се опушти пред камера. Тие зборуваат со нив, им поставуваат прашања со цел да ги запознаат подобро, и додека одговара на овие прашања личноста заборава дека е пред камера. Но што да правите кога стоите пред аматер кој се обидува да ве фотографира? Се што можете да направите е да се обидете да се ослободите од тензијата или барем да се преправате дека се чувствувате добро. Еден од триковите со кои може да изгледате упоштено пред камерата е да ги ставите рацете покрај вашето тело. Не застанувајте со рацете позади или прекрстени напред. Пуштете ги слободно покрај телото. Или ставете ги на половината. На фотографијата ќе изгледате поприродно, пријателски и поопуштени. Ако носите колан или облека со џебови можете да пробате да си играте со овие модни додатоци. 

Свртете се со лицето надесно

Научниците тврдат дека левата страна од лицето покажува како се чувствуваме во моментот. Кога ве фотографираат, свртете се налево за да ја скриете својата лева страна. Овој трик е особено корисен ако сте изложени на стрес, ако сте загрижени или депримирани, а не сакате другите да го знаат тоа. Покрај тоа, ако малку ја навалите својата глава ќе изгледате романтично, вашиот образ ќе дојде до израз заедно со веѓите. Оваа позиција ги крие несовршеностите и негативните емоции. Свртете се надесно ако имате широко чело и широк нос. Пред фотосесијата вежбајте пред огледалото за да ја пронајдете вашата поза.

Гледајте над леќата на фотоапаратот

Ова е првото нешто кое секој фотограф би го побарал од вас. Не гледајте директно во камерата. Кога гледате над неа фотографиите добиваат природен изглед. Без разлика дали ве фотографира професионалец или некој пријател - ова е добар совет. Ако камерата е позиционирана на ниво на вашето лице или малку погоре, погледнете над неа, свртете го лицето малку и придвижете го нанапред. Не грижете се, ова звучи смешно ама е навистина ефективно. Додека ве фотографираат гледајте во личноста која стои позади апаратот. 

Свртете го телото настрана

Одлична позиција - одлични фотографии. Ако вашето тело треба да се гледа на фотографиите - ова е ново правило за вас. Запомнете дека ако го свртите телото настрана ќе изгледате послаби. Не постои жена која сака да изгледа подебела од тоа што е. Свртете се настрана и свиткајте го коленото. Овој трик ќе додаде облина на вашата половина во меѓувреме истенчувајќи го целиот изглед. Ако личноста која ве фотографира професионалец - супер, ако не е - не изненадувајте се ако изгледате пониски или подебели од тоа што навистина сте.

Природна шминка

Колку поприродно изгледа вашата шминка - тоа подобро. Овој закон важи и за вашиот секојдневен живот. Избегнувајте светла сенка за очи, премногу светол кармин или руменило. Премногу пудра може да изгледа премногу сјајно на фотографиите. Ова не важи ако фотографиите се тематски. Во тој случај бидете креативни и искажете се преку екстравагантна облека, шминка и фризура. Консултирајте се со професионален мејк-ап артист, дизајнер и стилист. Верувајте им на експертите и на нивните совети. Не заборавајте дека вашата мисија е да ги прикриете несовршеностите и да ги истакнете своите најдобри особини.

Кармин

Нанесете кармин или сјај за усни иако можеби не ги користите секојдневно. Фотографиите понекогаш може да избледат, па усните може да не ви се гледаат или да бидат премногу бели. Пробајте со црвен или розов кармин. Нијансата треба да се поклопува со вашата боја на кожа, вашата коса и очи. Избегнувајте темни кармини, проблемот со овие бои е тоа што прават да изгледате постари и даваат акцент на несовршеностите како линиите и брчките на лицето.

Релаксирајте се и насмевнете се

Не заборавајте да се насмеете! Вашиот личен израз ги искажува вашите мисли и емоционална состојба. Кога ве фотографираат вашиот израз треба да биде колку што е можно поприроден. Негативните чувства тешко можат да се сокријат од фотоапаратот, па ако не можете да ги оттргнете можеби треба да го прескокнете фотографирањето. Ако сепак сакаѕр да бидете фотографирани обидете се да се сетите на нешто што ви причинува задоволство и радост, и може да донесе насмевка на вашето лице.  

Извлечи колаче порака
Виц

Како се викаат луѓето кои се среќни во понеделник?

– Невработени.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...колибри е единствената птица која може да лета назачки.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Дајте ѝ ги на жената вистинските чевли и таа ќе го освои светот. - Мерлин Монро

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
taiva anticelulit gif
liska popust
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано