ПЕТОК, 18 СЕПТЕМВРИ 2015

НАУТИЛУС КОНСТРУКТ: Отворена сцена - Програма

Oтворање на НАУТИЛУС КОНСТРУКТ: Отворена сцена во Скопје пред МКЦ, 18-ти септември со почеток од 19:00 часот.

Настанот е во организација на CITY CREATIVE NETWORK (CCN) Скопје како дел од проектот ACT4CITY поддржан од Балански фонд за уметност и култура (БАК).

Програма

18-ти септември, петок

19:00h 
SCH Презентација на книга + ACT4CITY дебата
(Милан Диневски & Дамјан Кокалевски – CCN, Скопје/Љубљана/Цирих)

Книгата SKOPJE CREATIVE HUB 2014: new content in public space е резиме и концептуален водич низ проектите, дискусиите и јавните програми, кои беа развиени и реализирани за времетраењето на десетте денови на SCH2014. Книгата ги открива заклучоците, предлозите и позадината на проектот, заедно со комплексниот контекст и специфичности на урбаното Скопје. Пред се, книгата го презентира нашиот кураторски пристап и аспект во процесот на планирање и реализирање на SKOPJE CREATIVE HUB 2014.

Најава и почеток на проектот ACT4CITY, кој е наша соработка со три регионални партнери: Експедицио, Котор; Министарство простора, Белград; Арт радионица Лазарети, Дубровник. Овој проект е поддржан од Балкански фонд за уметност и култура (БАК). Проектот има за цел да ги вклучи и анимира независните културни продукции како важен субјект кон остварување на одржлив културен развој, а воедно и одржливи балкански градови.

20:00h 
„Епицентар” Аудио/Визуелен перформанс
(Кристина Пулејкова & KNNT, Лондон/Скопје)

Пред се ова дело го третира терминот Епицентар истовремено од сеизмолошки и метафоричен аспект, истражувајќи го градот како околина која е во постојано геолошко и социјално движење. Во овој контекст, сцената се третира како културен епицентар кој има капацитет да ја “потресе земјата” под сегашната егoцентрична културна сфера во градот и да отвори нов простор за млади уметници кои работат во разни креативни дисциплини. Земајки ја сеизмографската база на податоци и сет на архитектонски објекти, Епицентар ги реинтерпретира и трансформира овие два параметри и ги претвора во моќно аудио-визуелно дело кое предлага ново гео-урбано читање кое е специфично за Скопје.

21:00h 
ДЈ Сет Galatheia + Гиф Арт Никола Радуловиќ (Скопје)

Галатеа е млада, талентирана музичка продуцентка која се карактеризира со предаторска музичка елегантност. Заедно со визуалниот уметник Никола Радуловиќ и неговиот гиф арт ќе внесат свежина и нов бран креативност во скопското урбано случување.

 

19-ти септември, сабота

19:00h 
„СК2014″ Проекција на филм + видео обракање на режисерката
(Кумјана Новакова, Емилио Гуера Делгадо, Гилермо Карерас Канди – БиХ/Kосово/Македонија/Шпанија)

СК2014 е естетски портрет на големата реизградба на Скопје кој беше лансиран во 2010 од страна на владата на Р. Македонија, попознат како “Скопје 2014”. Целта на овој проект е стилски и целосно да го промени урбаниот карактер на градот од социјалистичко-модерен во барокен и неокласичен стил.

20:00h 
„Колмар & Страсбург” Проекција на филм + разговор со уметникот
(gta Exhibiton & Каспар Мулер, Цирих/Берлин)

Си била еднаш една шапка. Висока шапка, изкроена од парчиња виолетов текстил, црно и колоритно кадифе, не толку различна од онаа на Мед Хетер во Алиса во земјата на Чудата (1865) на Луис Карол. Мекоста на шапката се приближува на оние карикатурни шапки кои ги носат некои спортски фанови. Шапката е направена од мајката на уметникот Каспар Мулер, и се појавува во неговиот филм Колмар & Стразбур (2010), на главата на еден човек кој се движи и ги открива овие два градови, пешачејки или на туристички брод.

21:00h 
„Етида” Импро сесија на студенти на ФМУ
Учество на студенти од ФМУ, Катедра за балетска педагогија, отсек современ танц. Учествуваат Сандра Неделковска и Бојана Додевска од класата на професор Искра Шукарева.

21:45h
„ДВА” Аудио/Визуелен/Денс перформанс
(Александар Гроздановски, Александра Петрушевска, Битола/Берлин)

Обид да се опфати, што е можно попрецизно, оној момент кога дефинираното НЕШТО се руши, парче-по-парче, и наеднаш се трансформира во нешто безформно, нешто ново. Се дистанцира од тоа што било претходно. Се менува.

22:30h
ДЈ Сет Herzel (Битола/Берлин)

Herzel (Александар Гроздановски) е електронски музички артист кој живее меѓу два града, Битола и Берлин. Познат е по неговиот уникатен музички израз кој претставува фузија на модерни трендови во електронската музика.

 

20-ти септември, недела

19:00h 
„Иницијативи”
(Излез + Архитектонски факултет + City Creative Network – CCN, Скопје)

Панел дискусија на тема студентските простори во градот и работилница за урбано хаику со Зориа Петкоска.
Излез ги поттикнува студентите да размислуваат критички и да бараат креативни начини за изразување на своето мислење, ги информира и го поддржува нивниот личен развој и ги организира за да дадат придонес кон позитивни промени во високото образование во Македонија.
Изложба на студентите од Aрхитектонски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје Учење архитектура / Архитектонски представи”, Архитектонско студио 7 и Интегративно студио 2013/2014
*City Creative Network (CCN), изложба на фотографии на Ана Лазаревска од градењето на НАУТИЛУС КОНСТРУКТ, Јули/Август 2015.

20:10h 
ЏУН Музички концерт (Скопје)

Суштината на ЏУН е ентузијастичкиот дух на тројца инженери кои се лудо вљубени во музика. Бендот, со свежина во мешањето на музичките стилови како инди поп, американа и доза на акустичен кантри поп остава значителн белег на македонската музичка сцена.

21:30h 
Ghettoblast: ДЈ Сет Балтроник + ВЈ Сет Доротеј (Скопје)

Музичката селекција која црпи инспирација од деведесетите кога ‘idm’ правецот доаѓа на сцена, но може да се слушнат и свежи траки извадени од албумски изданија кои се излезени 2010/2015. Искршениот ритам и чилаут атмосферите одговараат на селекцијата од проекциите на различни аудио-визуелни однесувања кои прикажуваат користење на звук и светло.

Инспиративни жени кои покажуваат дека убавината нема граници

Туризам
ladybook TRENDING

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com