хороскоп игри музика
ЧЕТВРТОК, 21 СЕПТЕМВРИ 2017
Како да бидете убави и без шминка?

Сигурно понекогаш посакувате да можевте да ја напуштите вашата куќа без да губите време на шминкање. Тоа не е невозможно! Постојат начини со кои ќе изгледате убаво без да ставате шминка. Не ни верувате? Тогаш прочитајте ги следниве совети за природна убавина без шминка и пробајте ги на себе.

post cover photo

Веѓи

Еден од најважните чекори за да бидете убави без шминка е да имате уредно средени веѓи. Дури и да се нашминкате, со несредени веѓи ќе изгледате лошо. Потрудете се вашите веѓи секогаш да имаат убава форма.

Пилинг

Ако сакате да изгледате убаво без шминка тогаш мора да се погрижите и за вашата кожа. Eден од клучните моменти е пилингот на лицето, кој ќе помогне при отстранување на мртвите клетки од кожата. Правете пилинг 1-2 пати во неделата.

Трепки

Друг важен чекор за убав изглед без шминка е да се погрижите и за вашите трепки. Тие се на некој начин „завеси” на нашата душа. Carmindy, познат шминкер на славните личности од Холивуд предлага да се стави малку вазелин на трепките за тие да изгледаат посјајни, подолги и потемни.

Усни

Пилингот не е само за лицето, усните исто така имаат потреба од пилинг. Направете брз пилинг со шеќер и маслиново масло и нежно протријте ги усните. Следно што треба да направите е да ставите обично лабело.

Очи

Ако сте премногу уморни или сте спиеле повеќе од што е потребно, црвенилото во очите можете да го намалите само со капки за очи или влажни облоги.

Заби

Уште еден лесен начин да изгледате убаво без шминка е да ги избелите забите и вашата насмевка секогаш ќе биде блескава! Откако ќе го направите тоа, пробајте да ги задржите такви. Мора да избегнувате бојадисани пијалаци и храна, како кафе, црвено вино и цвекло.

Лице

Сепак најважната работа од сè е да се погрижите за вашето лице. Кога кожата на вашето лице е здрава, тогаш со сигурност ќе изгледате убаво без шминка. За кожата да биде здрава, потребно е да ја одржувате хидрирана. Наш предлог е да користите Taiva Hydro Active Plus ноќен крем, кој дури и најсувата кожа ја прави хидрирана. Нанесувајте во вечерните часови, на претходно исчистено лице и врат со нежни кружни движења и за најмалку 28 дена вашата кожа ќе забележите видливи и трајни резултати.

www.taiva.eu

 

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Трпе и вели на Трпана: – Трпано, замисли веќе шест дена лежам во штала покрај кравата, чекам да се отели и ништо!

Трпана:– Кога те гледа покрај себе, сигурно мисли дека веќе се отелила.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

Првиот веб сајт во светот, како што ние ги знаеме денес, бил лансиран во 1992 година и сè уште е онлајн.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Животот е многу едноставен, но ние настојуваме да го направиме комплициран. – Конфучие

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
kaputi GIF bella
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано