хороскоп игри музика
НЕДЕЛА, 17 ЈУЛИ 2016
Совети за чистење на домот за свежо лето

Дали ви се случува да поминувате низ домот и да си речете „Морам да го исчистам ова место!“? Тогаш, прочитајте ги овие совети и спремете го вашиот чист и освежен дом за летното сонце.

post cover photo

Чистењето не треба да биде напорно, тешко и да го доживувате како некоја непосакувана домашна работа. Тоа може да делува смирувачки и да ве релаксира и да ви даде мотивација за да направите некоја промена во вашиот дом. Затоа, засукајте ги ракавите и фатете се за работа, а потоа ќе уживате во освежениот дом и гордо ќе ги поканувате пријателите да ви дојдат на гости.

Фокусирајте се на еден дел

Кога ќе започнете со чистењето на вашата соба или куќа, најчесто ве фаќа паника како да го средите целиот тој простор и како целата работа ќе ја завршите сами. Затоа, за работата да ја направите полесна фокусирајте се најпрвин на еден дел од собата. Замислете си како собата е поделена на повеќе делови и секој дел имате за цел да го исчистите беспрекорно. За почеток најдобро е да почнете од работната маса, столчето каде што е наредена вашта облека или некој друг дел од мебелот каде што практикувате да оставате работи и каде што се собира прашина. Откако веќе еден дел ќе го средите, вашата соба веднаш ќе делува посвежо и почисто и ќе изгледа како да има повеќе простор.

Бидете решителни

Време е да го средите плакарот и убаво да размислите колку парчиња од таа облека навистина носите, а колку само заземаат место. Не е време емотивно да се поврзувате со облеката или пак со некои други предмети кои со години ги чувате во вашиот дом, а всушност немате никаква потреба од нив. Пробајте за секој предмет или парче облека да се запрашате кога последен пат сте ги искористиле или облекле? Доколку одговорот е не, тогаш дефинитивно тоа парче не треба да го задржите. Доколку не можете да се разделите од некој предмет, тогаш ставете го во кутија која што ќе ви биде за спомени и таму ќе ги собирате сите работи за кои сте емотивно поврзани и никогаш не би ги фрлиле.

Влажните марамчиња ви се најдобар пријател

Користете антибактериски влажни марамчиња за чистење во домот. Тие се ефтини, лесни за употреба и имаат одличен ефект. Нема потреба постојано да користите средства за мебел, едноставно избрешете со влажно марамче и веднаш ќе го освежите домот. Отворете ги вратите и прозорците и пребришете го убаво секој дел со мирисливо влажно марамче и на овој начин ќе направите во вашиот дом да има освежителен, убав мирис.

Направете промена

Најубавиот дел кај чистењето и средувањето на домот се промените кои можете да ги направите и да се чувствувате како да живеете во нов дом. Нема поубаво чувство од тоа да се разбудите во убав и среден дом каде ќе се чувствувате пријатно и сигурно, зарем не? Затоа, направете некоја промена со положбата на мебелот или пак додадете некоја декорација во собите. Можете да ја смените бојата на ѕидовите и да ги бојадисате во некоја свежа, летна боја. Префрлете го кревет од едната на другата страна, а исто така можете да ставите нови слики на ѕидот или едноставно да го промените распоредот на оние кои веќе ви се закачени.

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Cosmostore baner
ladybook СВЕЖО
Taiva