хороскоп игри музика
ПЕТОК, 07 АПРИЛ 2017
Најдобрите вежби за време на бременоста

Со цел да останете фит и здрави за време на бременоста е препорачано да се вежба, но исто така некои вежби се забранети затоа што можат да ви наштетат и вам и на вашето бебе. Погледнете кои вежби се добри за вашето тело и бебенцето во него.

post cover photo

Вежбите Кегелс

Овие познати вежби се наменети за внатрешните карлични мускули. Доколку не сте слушнале за овие вежби ќе ви објасниме за што се работи. Всушност ова е едноставен процес во кој ги стегате и опуштате муслукулите како кога сакате да престанете да мокрите. Пробајте го ова додека мокрите и потоа навикнете се да го правите и без тоа.

Вежбите се повторуваат неколку пати на ден со што ги стегате и опуштате мускулите 15 до 30 пати при едно повторување. Кога го правите ова пробајте да не ги стегате стомачните мускули затоа што така се намалува ефектот.

Кегелс вежбите ќе ви ги зајакнат карличните мускули што ќе помогне за побрзо изнесување на бебето од вашата матка.

Карлични вежби

Кегелс вежбите се одлични за внатрешните карлични мускули, но сепак треба да се вежба целата карлична област и мускулите на задникот.

Најдобрите вежби за затегање на задникот се добро познатите чучњеви каде клекнувате што е можно пониско и станувате стегајќи ги мускулите. Со овие вежби воедно се затегаат и нозете. 10 чучњеви дневно се доволно (во зависност од тоа во кој месец на бременоста сте).

Исто така одлична карлична вежба е и онаа кога сте легнати на под со грб, а нозете ви се свиткани со стапалата на под и полека го кревате и спуштате задникот. Задржете неколку секунди во воздух па опуштете.

Кардио

Кардио вежбите се многу важни за добивање сила која ќе ви е потребна при породувањето. Најдобри кардио вежби за време на бременоста се оние кои нема да ви ја нарушат рамнотежата, како на пример бавен аеробик (каде не смеете да скокате), брзо пешачење или бавен џогинг или пак пливање. Исто така во првите неколку месеци од бременоста можете да возите точак, се додека успевате да одржите рамнотежа.

Запаметете дека никогаш не треба да правите нешто што ве уморува, а доколку никогаш претходно не сте вежбале почнете само со пешачење.

Пренатална јога

Јогата се фокусира на медитација и правилно дишење па доколку посетувате вакви часови ќе немате проблем со дишењето при породување. Овие часови јога се одлични и за запознавање на други мајки и споделуваање искуства.

Имајте на ум дека како што ви расте стомакот така и полето на гравитација ќе ви се менува, па избегнувајте вежби во кои има балансирање.

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Bella Zimska Bajka
ladybook СВЕЖО
Taiva
ladybook најчитано