Досега видовме секакви нови трендови на фризури, но овој тренд е дефинитивно поразличен и чуден. Покрај украсувањето на домот за Божиќните празници, девојките решија и на својата коса да и дадат новогодишен изглед.
Оваа фризура се прави така што целата коса се крева нагоре, со цел да се добие конусен облик и да личи на елка, а потоа се додаваат украси кои ќе бидат како лампиони. За фризурата да стои успешно исправена, се става шише или пак конус, косата се обвиткува околу него и се затегнува со ластичиња и со лак за коса. Некои од девојките ја бојадисуваат косата во зелено, за да направат оригинална елка со нивната фризура. Дали вие би се осмелиле да направите ваква новогодишна фризура?