Оваа недела, тенискиот клуб Теннис Парк беше организатор на Отвореното зимско првенство во тенис.
Турнирот започна во сабота (17.12.2016), а во среда се одиграа финалните мечеви од првенството на Македонија за Јуниори и Јуниорки до 14 години. Нашиот член Јана Стојанова ја потврди доминацијата во оваа категорија и со 2-0 во сетови (6-4; 6-2) слевеше над Стефанија Кировска. Во машка категорија Берг Бугариќ беше поуспешен од Борис Мркев, исто така со резултат од 2-0. Честитки за победниците!
ПР текст