ПОНЕДЕЛНИК, 17 СЕПТЕМВРИ 2018

Грешки во грижата за вашата коса

Ако го прашате вашиот фризер, сигурно ќе ви укаже на грешките кои ги правите во негата на вашата коса. Но можете и самите да увидите кои се грешките што најчесто ги правите, доколку се пронајдете во текстот подолу. Еве ги најголемите грешки кои најчесто се прават кога станува збор за нега и грижа на косата. 

post cover photo

Премногу топлина

Фенот за коса, пеглањето на косата, фигарото сите овие апарати можат да предизвикаат горење на вашата коса, посебно оние кои ги користите секојдневно. Ова е една од најчестите грешки кои сите ние ги правиме околу грижата за нашата коса. Ако веќе морате да користите некој од овие апарати, тогаш барем претходно нанесете некој од многуте производи кои ја штитат косата од горење.

Често миење на косата

Косата не треба да се мие секој ден, освен ако имате многу мрсна коса. Пречестото миење може да ја исуши косата, а тоа ја прави кршлива. Затоа мијте ја само кога тоа е навистина потребно. Се препорачува косата да се мие секој втор или трет ден за да се зачуваат природните масла и да не дојде до сушење на косата.

Премногу четкање на косата

Честото четкање на косата може да доведе до оштетени врвови. Правете го тоа само кога е навистина потребно, како на пример пред да излезете од дома и осигурајте се дека ја користите вистинската четка за вашиот тип на коса.

Четкање кога косата е мокра

Немојте никогаш да ја четкате вашата коса кога таа е мокра. Наместо тоа, земете покрупен чешел. Тој ќе ви помогне да ја исчешлате вашата коса без да ја оштетите. Започнете прво со чешлање на врвовите, па сè до темето на главата.

Не прескокнувајте ги термините за поткастрување

Ова е грешка која сите најмногу ја правиме. Дури и ако се обидувате да ја пораснете косата, редовното поткастрување е многу важно за вашата коса да биде здрава и да расте здраво. Вsушност, тоа помага вашата коса да расте уште побрзо.

Мастерклас на Виктор Косаковски и работилница на Јана Цисар на 10. МакеДокс

Туризам

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com