НЕДЕЛА, 05 МАРТ 2017

Како брзиот начин на живот влијае врз здравјето на кожата?

Секоја жена се соочува со истите проблеми, со промените на кожата на лицето, појавата на темни кругови околу очите и брчките. Најчеста причина за овие промени е староста, но постојат и други фактори кои многу влијаат во промените на нашиот изглед. Затоа направивме интервју со дерматовенерологот прим. д-р Коста Цветковиќ кој подетално објасни за причините за промените и стареењето на кожата.

 post cover photo

Сè почесто гледаме млади жени, кои изгледаат уморно, со предвремено остарена кожа и темни кругови под очите. Кои фактори влијаат на нашето здравје и како се одразуваат на нашиот изглед?

Ова е едно од најчестите поставувани прашања во врска со кожата. За појавата на популарно познатите „подочници“ најмногу влијание има недостатокот на сон, хидратацијата, алергии, стрес, солена и зачинета храна, генетика како хормонски статус и возраста. Осетливото ткиво под очите реагира на овие промени или нивната комбинацијa, резултирајќи со оток и уморен изглед. Битен дел од младешкиот, здрав изглед на кожата бидејќи се прв показател на дестабилизација на физиолошките процеси околу лицевата регија.

Дали мислите дека современиот начин на живот, каде што поголемиот дел од денот го поминуваме пред компјутер, јадеме неизбалансирана исхрана, загадувањето на воздухот како и пушењето, влијае негативно врз здравјето и надворешниот изглед?

Дефинитивно! Таквиот начин на живот е штетен врз целото тело и неговите процеси, вклучувајќи ја и кожата како битен орган. Умереноста е начинот на решавање на овој проблем бидејќи целосна ерадикација на лошите навики е невозможна во модерново општество. Доколку се има баланс помеѓу здравите и не толку здравите навики, кожата би можела да компензира и со тоа да се задржи нејзиното здравје.

Модерното живеење и претрупаноста со секојдневните обврски, наметнува подоцна да легнуваме а се порано да стануваме од спиење. Што значи недостатокот на сон за изгледот на кожата и како да се изгледа свежо и покрај ваквите навики?

Директно не влијае како појава но секундарно и терциерно влијае врз хоромоналниот баланс на човековата физиологија, а со тоа и сè она што претходно го рековме дека тоа пак влијае на дигестијата на храната, електролитниот баланс, толеранцијата на стрес итн. Во кратко, сонот е подеднакво битен како и физичките фактори кои влијаат на нас и покрај тоа што директно не е присутен.

Најголемиот страв на една жена е соочувањето со стареењето, а прв знак за тоа е создавањето на брчките. Дали оваа промена е генетска и доаѓа со самиот процес на стареење или тука влијае и брзиот начин на живот?

Многу работи во дерматологијата се мултифакторијални во однос на етиолошкиот фактор, па така брчките не се нешто поразлични. За да се појават брчки по лицето потребни се два услова да се дефинитивни. Едниот услов е возраста, каде бројот на годините е правопропорционален со интензитетот на создавање и вториот услов е користењето на мимиките (луѓе кои се мимичари имаат поголема склоност да си создадат бразд и/или брчки). Во однос на нештата кои дополнително знаат да влијаат е сувата кожа и изложеноста на сонце.

Дали и како може да се намали создавањето на брчки на кожата?

Превентивата на брчките оди со дополнителни лицеви третмани и користење на ботокс, кој делува брзо и ефективно и несаканите ефекти се сведени на минимум. Превентивата е тешка за контролирање бидејќи ретко кој може да не користи мимики. Не постои лек за стареењето, но постои начин да се успори процесот на стареење. Затоа се потребни лицеви третмани како ласерската фото-термо-рејувенација и ензимскиот пилинг или редовно користење на соодветни креми. Кремите TAIVA Cell 2 Cell Repair, кои содржат невро-козметици, нова генерација иновативни биоактивни компоненти, се нов научен пристап и револуција во борбата против предвременото стареење на кожата.

https://www.facebook.com/taivamk/photos/pcb.1863132850597754/1863129900598049/?type=3&theater 

Кој е вашиот предлог за дневните рутини кои треба да се применуваат да се има свежо, убаво и подмладено лице и кожа?

Минимум 8 часа сон, намалување на внесот на оксиданси/конзеванси, свежа храна, умерен спорт и соодветна рехидратација како и намалувањето на стресот. Овие работи помагаат во менаџментот и елиминација на обратните стресови кои ја бомбардираат кожата и со тоа убрзано ја стареат и брчкаат. Освен тоа, редовноста кај дерматолог е подеднакво битна како редовноста на стоматолог или гинеколог и не треба да се избегнува/одложува. Советите кои можете да ги добиете од вашиот лекар дерматолог не може да се заменат со гугл и дополнително можете да дознаете како практично се изведуваат.

Прим.Д-р Коста Цветковиќ дерматовенеролог
Дерматолошко естетска ординација Дерма Плус
ул: Булевар Јане Сандански 84/3 Скопје
Тел 02 244 66 00 и 02 245 33 73 
http://dermaplus.mk/
https://www.facebook.com/dermaplus.mk

 

Котур - нашето ново омилено урбано место во Скопје

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com