ВТОРНИК, 18 ЈУЛИ 2017

Дали сте премногу емотивни?

Луѓето кои се премногу емотивни честопати имаат проблем со справувањето со нивните чувства. Овие луѓе размислуваат и чувствуваат подлабоко и поради тоа многупати се наоѓаат лесно повредени од другите. Сепак, нивните намери се добри и тие имаат потреба да бидат разбрани. Ова се дел од работите со кои се соочуваат премногу емотивните луѓе.

post cover photo

Тие посакуваат добро за другите

Емотивните луѓе можат лесно да забележат кога некоја друга личност е несреќна и се чувствуваат лошо поради тоа. Ваквите луѓе ќе направат сè за да помогнат на оние кои се во лоша ситуација да се чувствуваат подобро. 

Веруваат во добрината на другите

Ваквите луѓе не секогаш имаат огромни барања од останатите, дури и кога сметаат дека заслужуваат повеќе од нив. Тие сакаат да веруваат во добрината на луѓето, што честопати е лоша одлука бидејќи може да води до разочарување.

Тие привлекуваат луѓе на кои им треба помош

Емотивните луѓе не ги привлекуваат оние кои се самоуверени бидејќи знаат дека тие немаат потреба од нивната помош. Оние на кои им треба помош се сложуваат со поемотивните луѓе поради тоа што тие ги разбираат нивните чувства и сочувствуваат со нив.

Тие мразат кога луѓето си „играат“ со нив

За емотивните луѓе нема ништо полошо од „играње“ со нивните чувства. Овие луѓе се навистина повредени откако ќе забележат дека некој намерно прави да се чувствуваат лошо. Тие сакаат искреност и не сакаат да бидат игнорирани, бидејќи тоа прави да се чувствуваат како да не се доволно вредни и да не заслужуваат правилно да бидат третирани.

Потребно им е повеќе време за да донесат одлука

Тие се плашат од донесувањето одлуки бидејќи не сакаат да погрешат. Трошат многу време и енергија кога треба да се донесе некаква одлука, само за да бидат сигурни дека на крајот нема ништо лошо да се случи. Тие се свесни за последиците од нивните одлуки и постојано се прашуваат дали постапиле правилно.

Тие се интровертни личности

Интровертните личности се затворени, тие анализираат и размислуваат во себе. Екстровертните личности се отворени во врска со нивните чувства, па затоа и полесно се справуваат со нив, за разлика од интровертните личности.

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com