ВТОРНИК, 01 АВГУСТ 2017

8 совети за сите јога-почетници

Јогата е прекрасен начин за истегнување и активирање на нашите мускули, како и одличен начин за правилно да научиме да го држиме нашето тело како и правилно да дишеме. Првите часови по јога можат да бидат навистина стресни. Ќе се почувствувате физички и психички неспремни, а тоа може многу лесно да ве натера да се откажете. Но обидете се да не го правите тоа и издржете до самиот крај, бидејќи подоцна самите ќе си заблагодарите. Овие 8 совети ќе ви помогнат доколку сте нови во вежбањето јога и сакате да напредувате. 

post cover photo

Пијте вода

Пијте доволно вода за да го одржувате вашето тело хидрирано. 

Но немојте да пиете премногу 

Водата пијте ја полека, и не пред самиот почеток со вежбање. Тоа може да направи да се чувствувате непријатно и да ви го отежни вежбањето. 

Не јадете пред самиот почеток на вежбањето 

Исто како и водата, внесувањето храна во организмот пред самиот почеток на часот може само да ви го отежни вежбањето. 

Одете во тоалет пред почетокот на вежбањето 

Посетете го тоалетот пред да започнете со правење на вежбите за да не ви се јават непријатни чувства за време на часот. 

Внимавајте на облеката

Многу е важно да се чувствувате пријатно во текот на вежбањето, па затоа одберете гардероба која е лесна и памучна и која не прави да ви е многу топло. Одличен пример се памучни хеланки или куси панталончиња и едноставна памучна маичка. Исто така можете да си понесете мало пешкирче, во случај премногу да се заморите.

Правете пауза

Доколку премногу се заморите и ви стане топло, или пак чувствувате болка во некој дел од телото направете пауза. Одморете онолку време колку што вам ви е потребно, бидејќи секој организам е различен и при ваквиот физички напор на телото му е потребно повремено да се одмори.

Бидете свесни за можностите на вашето тело 

Секогаш треба да бидете свесни за тоа колку може вашето тело да издржи. Честопати откако ќе се загрееме и ќе ги активираме мускулите, имаме чувство дека можеме уште. Доколку подолг период сте биле физички неактивни, а сте почетници во јогата, внимавајте на знаците кои вашето тело ќе ви ги испраќа. Во спротивно, може да добиете воспалени мускули, што честопати знае да биде болно. 

Забавувајте се 

Уживајте за време на вежбањето и не го сфаќајте премногу сериозно. Бидете благодарни за времето и грижата што сте одлучиле да си ги посветите себеси.

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com