СРЕДА, 16 АВГУСТ 2017

Последна летна распродажба по најниски цени во Skopje City Mall!

Нашиот најголем трговски центар Skopje City Mall и оваа летна сезона ја затвора со најголемите финални попусти на речиси сите производи и летни колекции кај реномираните светски и локални брендови собрани на едно место. 

post cover photo

Почнувајќи од денес па сè додека не се потрошат залихите, сите посетители ќе може да уживаат во купување по намалени цени до -70% на модните колекции кои го одбележаа ова лето. Љубителите на шопингот знаат дека два пати во годината се организираат најголемите сезонски распродажби кога можат да си набават сè што им е потребно по примамливо ниски цени, па така знаат дека кога завршува летото, започнуваат и финалните попусти.

„Водени од искуствата од претходните години, очекуваме дека потрошувачите ќе го препознаат периодот на најголеми намалувања за претходните колекции, кој ќе резултира со голема посетеност и задоволни купувачи кои ќе обезбедат фантастични парчиња гардероба од најголемите реномирани брендови, а притоа ќе потрошат многу малку пари. Ние секогаш на прво место ги ставаме нашите посетители, па така за оваа распродажба овозможивме на сите производи да може да се види и спореди првата со последната цена. Многу честа слика кај нас се лажните и нереални попусти кои многумина ги нудат, па така ние сакаме да ги заштитиме правата на потрошувачите и да им покажеме дека попустите во Skopje City Mall се секогаш реални и ги исполнуваат нивните очекувања.“ - изјави Дарко Панчевски од Skopje City Mall.

Од трговскиот центар ги повикуваат сите љубители на шопингот деновиве да го посетат Skopje City Mall, да уживаат во позитивна атмосфера и да го искористат најголемиот сезонски попуст. А оние кои чекаат на новите колекции есен-зима, веќе може да ги најдат во сите продавници на трговскиот центар.

ПР текст

Morion

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com