ЧЕТВРТОК, 17 АВГУСТ 2017

СЀ ПОВЕЌЕ СКОПЈАНИ САКААТ ДА БИДАТ УРБАНИ ХЕРОИ

Музичари, архитекти, дизајнери и сликари, помлади и постари граѓани, не дозволија да бидат спречени од високите температури и ги поминаа своите утра со екипата на „Дотерај го Скопје“ со цел за да ги разубават јавните површини во своите соседства. Фактот дека на 45 локации низ Скопје излегоа повеќе од 100 граѓани и засадија над 1.300 садници -  бршлени во период од 2 месеци ветува светла иднина за позелен главен град.

post cover photo

Паралелно со овие акции за разубавување на градот, екипата на „Дотерај го Скопје“ подготвува 5 видео спотови за песни од домашни авторски бендови и музичари, кои со својата музика и различни активности ја подджруваат визијата за Скопје како позелена, урбана престолнина на Македонија. Станува збор за Александар Пешевски, Fierce, Флека, Mammoth & Yashem и Minstrels’ Gallery, чии спотови ќе бидат издадени во текот на овој месец.

Сите урбани херои ќе бидат претставени на фестивалот „Дотерај го Скопје“, кој ќе се одржи од 1 до 4 септември во Јавна Соба, во Скопје. Сите кои ќе присуствуваат на овој фестивал ќе имаат можност да научат нешто повеќе за активностите на „Дотерај го Скопје“, да посетуваат некоја од многуте работилници, предавања и дебати, или да ги слушнат музичарите во живо и да се дружат со нив.  

До почетокот на фестивалот „Дотерај го Скопје“, 1 септември, сите граѓани на Скопје уште имаат можност да постанат урбани херои со разувабавување на јавниот простор во градот, односно со пријавување на локација на www.error501.mk  и со следење на фејсбук страната на проектот https://www.facebook.com/doterajgoskopje

Проектот „Дотерај го Скопје“се спроведува од страна на Јавна соба.

Погледнете го музичкиот спот на “Mammoth & Yashem”

 

 

Morion

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com