СРЕДА, 20 МАРТ 2019

За дамите со мрсна кожа - храна која треба почесто да ја консумирате

Мрсната кожа може да биде последица од повеќе причини. Најчесто таа е генетска и не може да се направи многу за да се избегне, но правилната исхрана и третман можат да ви помогнат да се справите со мрсната кожа. Друга најчеста причина е прекумерното миење на лицето со сапуни и креми против акни. Со сушење на лицето, кожата произведува повеќе природно масло. Затоа подобро е да не го миете лицето премногу често. Третата најчеста причина е сезонската промена. Разликата во температурата предизвикува вашата кожа да биде мрсна.

post cover photo

Исто така треба да се спомне дека стресот и проблемите со хормоните се причина за мрсна кожа. Доколку имате мрсна кожа тогаш препорачливо е да прочитате кои намирници се препорачливи да ги консумирате, а кои треба да ги избегнувате. 

Со вклучување на повеќе вода во вашата исхрана и консумирање на храна која ја хидрира кожата можете да постигнете многу резултати. За да се справите со мрсната кожа потребно е секојдневно да пиете поголемо количество на вода откако ќе се разбудите и пред да легнете да спиете. Во исхраната додадете:

Краставица

Краставицата е 95% вода и на вашето лице ќе му даде свеж изглед. Овој зеленчук е полн со антиоксиданти. Препорачливо е и да ставате краставица во вода, да оставите да отстои неколку часа и потоа да ја пиете таа вода. 

Авокадо

Доколку почесто консумирате авокадо дефинитивно ќе заборавите на изморениот изглед и ќе го намалите природното масло кое вашата кожа го произведува. Авокадото е полно со омега - 3 масни киселини, кои се специјалната состојка за млада кожа. Како што старееме се губи еластичноста и кожата повеќе не изгледа млада, а исто така почнува и појавата на брчки. Со додавање на авокадото во вашата исхрана, не само што ќе ѝ помогнете на кожата да изгледа помалку мрсна, туку ќе го вратите нејзиниот младешки изглед. 

Грејпфрут

Уште едно овошје кое задолжително мора да го додадете во вашата исхрана е грејпфрутот. Можеби неговиот вкус не ви е баш најомилен, но треба да знаете дека ова цитрусно овошје влијае позитивно на вашата кожа. Грејпфрутот е полн со вода, влакна, витамин Ц и помага против мрсната кожа. 

Храна која треба да ја избегнувате

Можеби ќе се изненадите, но млечните производи негативно влијаат на организмот, а тоа највеќе се забележува на кожата. Млечните производи го зголемуваат производството на природно масло, а понекогаш се причина и за појава на акни. Доколку премногу консумирате млечни производи, тогаш вашата кожа ќе има повеќе мрсен сјај и ќе изгледа постаро. Секако дека шолја млеко е одлична за коските и помага против брчки и недостатокот на еластичност на кожата. Иако млекото содржи големо количество на калциум кој е важен за организмот, сепак можете да го замените со други намирници богати со калциум. Додадете во вашата исхрана спанаќ, брокула, кељ, прокељ кои содржат калциум, дури повеќе од млекото. Доколку млекото го замените со некој од овие зеленчуци, веднаш ќе забележите позитивни промени кај вашата мрсна кожа. 

Други работи кои треба да ги избегнувате се солта и маснотиите. За жал храната којашто е највкусна за јадење, најмногу ја уништува кожата. Говедското и свинското месо се полни со животински масти кои ги полнат порите со многу маснотии. Доколку престанете да консумирате од овие меса и исто така престанете да консумирае пржена храна, ќе забележите позитивни промени на вашата мрсна кожа. 

Природни лекови

Препорачливо е да употребувате и од овие природни лекови, односно билки, кои можат да се користат во комбинација или индивидуално и можат да направат чуда на вашата кожа. 

Жалфија

Жалфијата во античките времиња била тајна за долг живот. Таа има позитивно влијание врз кожата, а особено за повеќе мрсните делови. 

Нане

Нането е антиинфламаторна билка, која го намалува мрсниот сјај бидејќи ги опушта порите кои произведуваат природно масло. Исто така помага против херпеси, намалува воспаленија од астма, болка во мускулите и добро е за избелување на забите. 

Масло од лаванда

Ова масло е одлично да се додаде во кремите за третирање на акни, но најдобро е да се нанесува директно. Лавандата го намалува количеството на себум. Со намалување на себумот се подобрува изгледот на кожата и се намалува нејзиниот мрсен сјај. 

Маска од белки од јајца

Одлично е да нанесување маска направена од белки од јајца. Измешајте белки од јајца со една лажица мед, оставете да отстои 10 минути на вашето лице и потоа темелно измијте. 

 

Мастерклас на Виктор Косаковски и работилница на Јана Цисар на 10. МакеДокс

Туризам
ladybook TRENDING

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com