ВТОРНИК, 17 ОКТОМВРИ 2017

Вкусни и слатки - рецепти за мафини кои ќе ве воодушеват

Одлични рецепти за сите обожаватели на мафини! Наредниот пат не двоумете се многу каков десерт да подготвите, туку одберете еден од овие рецепти и ужувајте во сочно, вкусно и слатко задоволство.

Мафини со тиква и карамела

Состојки за мафини

  • 150 гр брашно

  • 50 гр мелени ореви

  • 1 лажичка мелен цимет

  • 1 лажичка мелено морско оревче

  • 1 лажичка сода бикарбона

  • 1 лажичка прашок за печиво

  • сол

  • 100 гр шеќер

  • 1 лажичка какао (по желба)

  • 2 јајца

  • 200 гр пире од тиква

  • 150 мл млеко

  • 1 лажичка екстракт од ванила

  • 50 мл масло

Состојки за карамела

  • 100 гр шеќер

  • 30 гр путер

  • 150 мл слатка павлака или шлаг крем

Начин на подготовка

Најпрвин подгответе ја карамелата. Во помал сад, на тивок оган топете го шеќерот сè додека не добие смеѓа боја, потоа додадете го путерот и откако путерот ќе се стопи додадете третина од слатката павлака. Внимавајте! Мешајте на тивок оган 2-3 минути и потоа полека додадете го останатиот дел од слатката павлака. Гответе 5 минути, а потоа тргнете од оганот и оставете да се олади.

Додека карамелата се лади, почнете со подготовка на мафините. Во еден сад ставете го брашното, а потоа додаете ги мелените ореви, циметот, морските оревчиња, содата, прашокот за печиво, солта и шеќерот. Потоа во друг сад изматете ги јајцата и потоа додадете ги пирето од тиква, млекото, маслото и ванилата. Потоа измешајте ги состојките од двата сада заедно сè додека убаво не се соединат.

Во калап за мафини ставете хартиени кошнички и потоа секоја кошничка наполнете ја околу 2/3 со смесата. Доколку сакате да имате посветли и потемни мафини, тогаш во половина од смесата ставете лажичка какао и убаво промешајте, а потоа расподелете во кошничките. Ставете да се пече во рерна загреана на 170 °C, околу 17-20 минути. Откако ќе ги извадите и оставите убаво да се оладат прелијте ја карамелата. Уживајте во слаткото и вкусно задоволство!

Мафини со костени

Состојки 

  • 215 гр пире од костени

  • 3 јајца

  • 90 гр кафеав шеќер

  • 100 гр мелени бадеми

  • 1/2 лажичка прашок за печиво

  • 200 гр слатка павлака

  • 100 гр чоколадо за готвење

Начин на подготовка

Со миксер убаво изматете ги јајцата и шеќерот, а потоа постепено додавајте го пирето од костен. Мешајте со дрвена лажица, а потоа додадете ги мелените бадеми и прашокот за печиво. Во калап за мафини ставете хартиени кошнички и потоа во секоја кошничка ставете од смесата. Во рерна загреана на 170 °C, ставете да се пече 25 минути.

Потоа, загрејте ја слатката павлака и прелијте ја со чоколадото искршено на ситни парченца. Мешајте додека чоколадото не се стопи, а смесата не стане мазна. Оставете да се олади и потоа нанесете врз мафините. Можете да декорирате по желба.

Баклава мафини

Состојки за мафини

  • 200 гр брашно

  • 1 лажичка прашок за печиво

  • 1/2 лажичка сода бикарбона

  • 2 јајца

  • 250 мл млеко

  • 100 гр маргарин

  • 100 гр сечкани ореви

  • 1 1/2 лажичка цимет

  • ореви за декорација

Состојки за прелив

  • 500 гр шеќер

  • 300 мл вода

Начин на подготовка

Со миксер измешајте ги маргаринот и јајцата, а потоа додадете го брашното со прашокот за печиво и содата бикарбона. Ставете го и млекото и сè убаво изматете. На крајот додадете ги сечканите ореви и циметот. Ставете ја добиената смеса во силиконски калапи за мафини и ставете да се печат 30 минути во рерна загреана на 200 °C.

Додека мафините се печат, ставете ги шеќерот и водата да се варат. Кога водата ќе проврие оставете ја уште 2-3 минути и потоа тргнете ја од оган. Печените мафини извадете ги од калапите и ставете ги во подлабок сад. На секој мафин одозгора ставете орев и потоа прелијте со топлиот сируп. Уживајте во десертот!

Кој рецепт најмногу ви се допадна?

 

Интервју со Едина Муса: За да живееш живот со големи достигнувања мораш потполно да веруваш во себе

Туризам

Модна инспирација – 5 викенд комбинации

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com