ЧЕТВРТОК, 26 ОКТОМВРИ 2017

18 работи кои не треба да ги правите во странство

Патувањето е најдобар учител. Единствениот пат до отворениот ум е качување во авион и летање ширум светот. 

post cover photo

Патувањето е одличен начин да запознаете нови култури и луѓе, да видите поинаков начин на живеење, како и прекрасна архитектура, природа и голем број на места кои навистина ќе ве воодушеват. Доколку патувате често, сигурно досега сте забележале како во различни земји постојат различни правила на однесување, па можеби сте дошле во ситуација да направите грешка, да поставите некое прашање кое не е соодветно или пак да дадете несоодветен коментар. На пример, насекаде на светот е нормално да се остави бакшиш, некаде дури е задолжително, додека пак во Јапонија тоа се смета за навреда. 

Следниот пат кога ќе патувате во странство внимавајте да не постапите погрешно и претходно проверете како работите функционираат во таа земја. Овие 18 работи не треба да ги правите во дадените земји.

Франција - не зборувајте или не поставувајте прашања за пари. Всушност, прашањата поврзани со пари се несоодветни во повеќе земји, но во Франција ваквите прашања се сметаат за осовено критични.

Украина - не подарувајте парен број на цвеќиња. Луѓето во Украина, како и во голем дел од словенските земји, носат парен број на цвеќиња само на гробишта.

Нов Зеланд - свирката од автомобил се смета за навреда. Свирењето во Нов Зеланд најчесто се користи за навредување на другиот возач, односно на тој начин му покажувате дека воопшто не се согласувате со неговите постапки.

Индија - не го допирајте спротивниот пол во јавност. Бакнување или држењето на раце се сметаат за несоодветни и некултурни доколку се прават во јавност.

Јапонија - не оставајте бакшиш. Јапонците се гордеат со својата услуга, која секогаш се трудат да е најдобра, па затоа сметаат дека нема потреба од бакшиш.

Мексико - не се навредувајте од локалните шеги. Мексиканците обожаваат да кажуваат шеги, кои најчесто се забавни, па затоа трудете се да ги сфаќате така и да не се навредувате.

Норвешка - не прашувајте за одење во црква. Поголемиот дел од луѓето воопшто не одат во црква, па затоа не поставувајте такви прашања.

Турција - не покажувајте ок гест, бидејќи тоа се смета за голема увреда. Овој гест се смета за навистина непристоен.

Велика Британија - не ги прашувајте луѓето колку заработуваат.

Ирска - не трудете се да го имитирате ирскиот акцент. Локалците не сметаат дека имаат некаков акцент. Постојат само одредени делови од Ирска за кои тие сметаат дека луѓето зборуваат со одреден акцент.

Германија - не честитајте роденден пред денот на роденденот. Германците веруваат дека личноста нема да го дочека роденденот доколку ѝ се честита порано.

Кенија - не им се обраќајте на луѓето прво со името. Можете да им се обратите првин со име, само доколку тие први го направиле тоа.

Чиле - не јадете со раце. Манирите се многу важни во оваа земја.

Сингапур - не јадете во јавен превоз. Исто така, не ги хранете птиците, не плукајте и не фрлајте отпадоци на улица.

САД - не заборавајте да оставите бакшиш. Бакшишот е задолжителен во сите локали во САД, а на некои места дури и е одредено колкав бакшиш треба да оставите.

Италија - не нарачувајте капучино во рестораните. Секако дека можете да нарачате капучино во ресторан, но ќе добиете изненадена фаца од келнерот. Тоа е така бидејќи италијанците пијат капучино со појадокот.

Унгарија - не ги чукнувајте чашите кога наздравувате. Иако ова е стара навика, сепак луѓето сè уште не практикуваат да ги чукнуваат чашите кога наздравуваат, а особено кога пијат пиво.

Кина - не подарувајте часовник или чадор. Луѓето сметаат дека овие работи носат несреќа кога се дадени како подарок.

 

Интервју со Едина Муса: За да живееш живот со големи достигнувања мораш потполно да веруваш во себе

Туризам

Модна инспирација – 5 викенд комбинации

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com