САБОТА, 16 ЈУНИ 2018

5 намирници кои здебелуваат

Секоја дама и жена сака да изгледа убаво, да има убаво тело и да им каже збогум на вишокот килограми. Понекогаш, колку и да се трудите, се случува да не можете да ги намалите вишокот килограми и сигурно не можете да сфатите како после толку вежбање не се забележуваат големи проблеми. Секако дека вежбањето е многу важно, не само поради убавиот изглед, туку и за здравјето, сепак доколку сакате да ги намалите килограмите треба да внимавате на исхраната. Здравиот живот и посакуваното тело значат помал избор на исхрана. Но, сепак доколку сакате да ги намалите килограмите, не треба да се откажете од сите намирници, туку едноставно престанете да ги консумирате овие 5 и ќе забележите разлика за некое време.

post cover photo

Алкохол

Алкохолот содржи голем број на калории. Консумирањето на алкохолот го зголемува апетитот и прави постојано да чувствувате глад. Сигурно секогаш кога консумирате алкохолни пијалоци, тоа го правите во комбинација со вкусно мезе или грицки. На тој начин внесувате многу повеќе калории во вашиот организам и ги зголемувате килограмите.

Брза храна

Бургер, хотдог, тост и слични јадења предизвикуваат постојано здебелување, а посебно ако не сте физички активни тогаш килограмите ќе се зголемат за поголем број. Покрај големото количесто на калории, ваквиот тип на храна има многу масти кои предизвикуваат создавање на сало, особено во пределот на стомакот и задникот. Заборавете на брзата храна и почнете повеќе да консумирате здрави намирници.

Мајонез

Можеби го јадете само во сендвич или салата, но треба да знаете дека мајонез е преполн со маснотии. Храната и салатите кои се со мајонез никогаш нема да ви помогнат да имате рамен стомак, ниту пак ќе ви помогнат да ги намалите вишокот килограми.

Сладолед

Сладоледот е сладок начин за да се освежите во топлите денови, но среќа што доаѓа зимата па ќе можете да престанете да го консумирате и да придонесете во намалување на килограмите. Сладоледот содржи шеќери, кои влијаат во зголемувањето на мастите во организмот.

Чипс

Чипсот здебелува повеќе од алкохолот и сладоледот заедно. Тој е главен непријател на секоја жена и девојка која има проблеми со вишокот килограми. Не консумирајте воопшто никаков чипс и израдувајте го вашето тело.

 

© ladybook.mk Сите права се задржани.

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk.

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com