ЧЕТВРТОК, 26 ОКТОМВРИ 2017

5 совети за интимна нега

Три од четири жени повремено имаат вагинални проблеми за кои е потребен третман. Поголемиот дел од тие жени оставаат проблемот сам да се реши, со што може да дојде до непријатни ситуации. Потребно е постојано да се грижите за вашето интимно здравје.

post cover photo

Најголемиот проблем во областа на интимната нега е пореметувањето на вагиналната флора, која е составена од добри бактерии, кои всушност штитат. Во случај на хормонални промени, терапија со лекови или неправилна хигиена, може да дојде до зголемен секрет, непријатен мирис, чешање, болка или пецкање, иритација или сувост. Покрај тоа што редовно ќе го посетувате вашиот гинеколог, потребно е постојано да водите грижа за вашето интимно здравје. Еве неколку совети за секоја девојка и жена.

Избегнувајте тесни панталони, кои се прилепени за вашето тело и ве стегаат. Во ваквите панталони нема да се чувствувате пријатно. Истото важи и за долната облека. Сè што носите треба да биде пријатно и удобно, всушност потребно е воопшто да не ја чувствувате облеката која ја носите. Избегнувајте парчиња облека од вештачки, синтетички материјали, посебно кога станува збор за долната облека. Трудете се почесто да носите облека изработена од природни материјали. Памучната долна облека е одлична доколку не сакате проблеми со интимното здравје.

Многу е важно да внимавате на производите кои ги користите. Обичните сапуни и шампони се премногу јаки за интимна нега, бидејќи во интимниот предел можат да создадат иритација или сувост и сето тоа знае да биде навистина непријатно. Подобро е да употребувате производи кои се специјални за интимна нега. Можете да се консултирате и со вашиот гинеколог.

Покрај производите, внимавајте и на додатната опрема. Секогаш користете чисти пешкири и пешкири кои се само за таа намена. Не е препорачливо да употребувате ист пешкир за сите делови на телото.

За време на менструалниот циклус бидете внимателни и посветете повеќе внимание на интимното здравје. Редовно менувајте ги влошките или тампоните, со цел да не предизвикате инфекција или иритација. Подобро е да користите памучни влошки, кои се подобри за вашата кожа, исто како и памучната долна облека.

Ако ви се случи да имате некако вагинален проблем, никогаш не го одложувајте решавањето на проблемот. Веднаш штом почувствувате некои од симптомите, без разлика дали е чешање, пецкање или какво било непријатно чувство, почнете со терапија. Консултирајте се со вашиот гинеколог, а можете да користите и производи кои ќе ги намалат вагиналните проблеми, како и непријатниот мирис и создавањето на секрет.

 

Интервју со Едина Муса: За да живееш живот со големи достигнувања мораш потполно да веруваш во себе

Туризам

Модна инспирација – 5 викенд комбинации

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com