Хајди Клум е позната по своите оригинални и уникатни маски за Ноќ на вештерките, па затоа и оваа година сите со нетрпение очекуваа да видат која ќе биде нејзината идеја и нова маска. Досега погледнавме дел од нејзините најдобри маски, а сега е време да погледнете фотографии од нејзината оригинална маска за Ноќ на вештерките 2017!
Овој пат познатиот модел одлучи да се транформира во врколакот од спотот на Мајкл Џексон, за песната Thriller. Не само што нејзината маска изгледаше оригинално, туку таа потполно се внесе во улогата додека позираше на црвениот тепих. Мора да признаете дека нејзината маска е навистина одлична!
Хајди Клум на својот профил на Инстаграм сподели и неколку фотографии и видеа од подготовките на нејзината маска.