СРЕДА, 08 НОЕМВРИ 2017

Магичните својства на зачините

Секоја жена и девојка, која ужива во готвењето, во јадењата додава одредени зачини, билки и намирници со цел да го подобри вкусот на храната. Доколку и вие практикувате да додавате зачини во јадењата кои ги подготвувате, тогаш треба да знаете дека тие не само што го подобруваат вкусот, туку имаат и позитивно влијае врз вашиот организам.

post cover photo

Нема потреба да ги избегнувате поголемиот дел од зачините, туку бидете храбри и експериментирајте. Најдобрите резултати можете да ги добиете со свежите зачини, бидејќи тие немаат толку силен вкус кој може потполно да го смени вкусот на храната. Еве кои зачини и билки е препорачливо да ги додавате во секојдневните рецепти.

Камилица

Познато е дека чајот од камилица е одличен за болки и грчеви во стомакот. Покрај тоа што ги смирува дигестивните болки, камилицата е добра за смирување на воспалителните процеси, како и психичката вознемиреност и несоницата.

Ким

Кимот е одличен за жените бидејќи го одржува нивото на естроген, а исто така е одличен за мајките кои дојат, бидејќи го подобрува производството на млеко. Кимот може да се користи за подготовка на чај или јадење. Во Индија го служат по оброкот, бидејќи го подобрува варењето и го освежува здивот. 

Магдонос

Магдоносот е еден од најпознатите и најупотребуваните билни зачини. Ливчињата од магодонос, се мали бомби, преполни со хранливи материи. Зелените ливчиња се богати со витамините А и Ц, со магнезиум, фолати и железо. Нивната комбинација одлично делува на варењето на храната. За да можете повеќе да го искористете железото, додадете малку лимонов сок. Магодоносот исто така го освежува здивот, а може да влијае и на подобрување на менталната функција, концентрацијата и релаксацијата.

Ѓумбир

Ѓумбирот е најдобриот пријател на човечкиот организам. Во кинеската и индиската медицина навистина многу се цени. Со консумирање на ѓумбирот се намалуваат дигестивните проблеми. Еден од начините за да го користите е така што ќе го исечете на поситни коцки, одозгора ќе ги прелиете со мед, ќе го чувате со затворена тегла во фрижидерот и ќе го консумирате по потреба. Кога правите некоја чорба, тогаш изрендајте свеж ѓумбир или додадете една лажичка ѓумбир во прав.

Лук

Лукот има навистина магично влијание врз здравјето. Илјадници години наназад, лукот се користи за лечење на внатрешни и надворешни воспаленија. Овој магичен лек има антимикробни својства и воедно го подобрува имунитетот. Кога термички се обработува го губи своето антибиотско дејство, но има позитивно влијание на кардиоваскуларниот систем.

Покрај наведените и овие зачини го подобруваат варењето и имаат позитивно влијание врз целиот организам:

  • Рузмарин - ја подобрува концентрацијата, а заради големото количество на калциум и витамин Б6 има и смирувачко дејство.

  • Нане - ја подобрува концентрацијата и го намалува стресот.

  • Босилек - има антимикробно дејство, а веќе стотици години се смета и за афродизијак.

  • Целер - ја подобрува виталноста на организмот, прави детоксикација на црниот дроб и го намалува нивото на стрес.

  • Оригано - богато е со витамин Б6 и со тоа ја намалува анксиозноста. Овој зачин е богат со магнезиум и хлорофил.

  • Мајчина душица - одлично делува на менталните функции.

  • Куркума - позитивно делува на целиот организам, а ефектите можат да се зголемат со додавање на бибер.

 

Интервју со Едина Муса: За да живееш живот со големи достигнувања мораш потполно да веруваш во себе

Туризам

Модна инспирација – 5 викенд комбинации

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com